Сексот продава, и тоа е така од памтивека. Од автомобили, облека, шминка па дури и храна, разголените атрибути, најчесто на женското тело, се оние кои ја вршат продажбата.
Размислувам за некој некаде. За нешто што се случува илјадници километри од тука. За некој кој патува и искусува нешто ново, за љубов која се раѓа токму сега, за голема идеја која се спроведува во акција, за брилијантното раѓање на нов живот.
Дали кај нас сексот е табу тема? Колку од родителите отворено зборуваат со своите деца на таа тема? Ако сте решиле да не разговарате со своето дете за тоа, не значи дека „тоа“ не постои...
Во каква продавница се продава ли љубовта, онаму каде што продаваат убави, светкави работи спакувани во најквалитетната хартија или онаму каде освен бадемите, лешниците, бонбоните се продава и таа, рефус?
Да, ја сакам есента, мирисот на зимници, одењето по есенски лисја, бла бла бла, ама ладно ми е и чувствувам дека за многу брзо ќе почнам да копнеам по летото. И тоа ќе го правам дур да дојде идното. И така сè во круг...
Сè што мислите дека претставува некаква маана во вашиот изглед, носете го како да е ваша најголема предност. Така ќе се ослободите од глупавите мисли кои ве влечат назад и ви кажуваат дека, во светот на сите совршени лица од насловните страни, вие не сте убави.
Нема посовршен ден од денес. За нови почетоци и нови луѓе.
Но, нека започне денот со старите навики. Кафе, цигара и благо. И сонце. Под него, секој има свое место.
Можеби лекот на сите ни е повторно да ја разбудиме нашата детска имагинација и нескротливата желба за откривање на светот. Да наѕирнеме длабоко во секој од нас и преку нашето его желно за супериорност да го видиме невиниот детски лик кој најмногу се радува на зашеќерено јаболче, шеќер
И покрај тоа што сè е така „маскирано“, нели, на крајот на краиштата, поентата е да најдеш некој кој буквално ќе го обожува твоето битие без ни трошка „потпора“ и помош од модерната технологија или најновите изуми?
Еве да ви кажам зошто девојките се навикнати да бараат заштита во мажот и да го чекаат тој некој возвишен господин Совршен. Бидејќи такви сказни им раскажувале додека биле мали...
Едно знам, рутината навистина е добра. Ама некогаш е добро и да се биде спонтан. Ако ме прашувате мене, би се одлучила да балансирам меѓу животот со рутина и оној со спонтани дејствија.