Оскар Вајлд, во една прилика обидувајќи се една голема мудрост да ја смести во мала реченица изјавил: „Мажите ја измислија цивилизацијата за да ги импресионираат жените.“
Сетете се кој е најубавиот збор кој воопшто сте го слушнале. За мене тоа е „пеперутка“. Кога го слушам зборот, ми мириса на пролет, на новост, на свежина.
Важно е како ја пренесувате таа ваша внатрешна енергија, кај и да сте, какви и да сте, што и да правите, движете се како кралици, бидејќи токму тоа и сте, кога не им робувате на комплексите.
14 часа од моето будење, 8 работни часа и 6 активни часа со принцезата моја, а јас се движам лесно, душата ми се смее. Денес го открив моето ново Јас, мојата силна страна...
Кога соновите се одамна почнати, кога низ прозорецот ѕирка испрекината светлина од уличната сијалица, кога дождот непрестајно удира во лимениот олук...
Ја смени продолжувајќи да го прави истото, затоа што му е важно да ѝ го разубави животот, но правејќи го тоа поинаку... Допирајќи најнапред само еден детаљ, нејзиното срце.
Во истиов момент на свет доаѓаат многу девојчиња. И овие малечки дами во иднина ќе бидат жени на 21-ви век. Нив ќе им треба пример по кој ќе се раководат, а ние сме оние кои треба да го постават примерот.
Понеделник е денот кога сите обврски ќе бидат извршени. Демек, оние кои многу често своите обврски ги одлагаат за понеделник биле неодговорни... Како да не! Па јас не кажав точно на кој понеделник мислам!
Со сета таа прашина околу тој фамозен принц, помислувам, зошто мора да е принцот? Зошто девојчињата уште како мали не сонуваат дека Тарзан, на пример, е нивниот иден совршен маж? Само затоа што се шетка гол низ џунглата?