Кога ќе помислите на кафе, веројатно веднаш ви доаѓа асоцијација за многу работи во главата. Дружба, смеење, забава... Без разлика дали го сакате или не, кафето е составен дел од нашето секојдневие.
Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно да не заборавате да уживате.
Ако сакате да експериментирате и да си го направите пиењето кафе уште повкусно задоволство, ви предлагаме 7 додатоци, кои би било згодно да ги имате на дофат во кујната.
За многумина, кога ќе започне денот со кафе, некако наеднаш сè е во ред. Сè може да се случи во текот на еден ден. Обидете се да не мислите на ништо додека ги шмркате првите голтки од утринското кафе. Ова време е само за вас.
Кафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате...
Колекцијата алфанумерички кафе-масички наречена Фонтејбл претставува револуција во уредувањето. Со нив, можете да „напишете“ порака, да ги поставите бројките кои имаат некаква симболика за вас, да градите хемиски соединенија...
Срцата ги исцртуваме во песокот за време на летните заљубувања, во средношколските тетратки додека мечтаеме за време на здодевните предавања, на роденденските честитки кои му ги упатуваме на нашиот сакан/а.
На некои уметници им се потребни акрилни бои за да цртаат, на други им е доволен само молив, а на трети сè што им треба е тазе приготвено кафе, млечна пена, чоколаден прелив и стапче за цртање.
Кога се будите со желба за онаа магична миризба, кога со замижани очи уживате во првата голтка и уживањето трае сè до последната... Очигледно, вие сте вистински љубители на кафето.