На сите ни треба она прво утринско кафе после кое почнуваме да го гледаме светот со будни очи. Но, не е само до кафето. Погледнете ги овие интересни шолји за кафе кои дополнително ќе го анимираат и освежат вашиот утрински мозок.
Уметноста на цртање на кафе всушност се состои од истурање млечна пена во шолја еспресо, притоа изработувајќи некаков дизајн на површината. Овој вид уметност е познат како „coffee art“ или „latte art“.
Ова столче со интересен и креативен дизајн совршено може да се вклопи во секое кафуле. Дизајнирано е од Кореецот Sunhan Kwon, а името („Coffee Chair“) го добива според неговата очигледна форма.