Станувате од спиење, а кафето веќе ве чека сварено на работната маса во кујната. Очните капаци полека се борат да го избистрат погледот, миризбата благо допира до вашиот нос.
Кафе на плажа, покрај базен или во дворче... Тазе сварено, миризбата се шири наоколу... Згодни девојки, стегнати момци... Убава глетка и неодолив мирис и вкус. Доживувањето во лето е бесценето. Вкусете го додека трае.
Бојата на кафето има некаков смирувачки ефект. Успокојува, одмора и релаксира. Оваа позадина ќе изгледа одлично на вашиот десктоп. Таа е совршен потсетник за уживање во кафе паузите.
Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.
Кафето најдобро оди во друштво. Со љубениот, со пријателите, со колегите... Можеби најмногу сакате да го пиете сами, но одвреме-навреме не заборавајте да поканите некого на кафе. Позабавно е така!
Кафе... уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво.
Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно да не заборавате да уживате.
За многумина, кога ќе започне денот со кафе, некако наеднаш сè е во ред. Сè може да се случи во текот на еден ден. Обидете се да не мислите на ништо додека ги шмркате првите голтки од утринското кафе. Ова време е само за вас.
Кафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате...
Срцата ги исцртуваме во песокот за време на летните заљубувања, во средношколските тетратки додека мечтаеме за време на здодевните предавања, на роденденските честитки кои му ги упатуваме на нашиот сакан/а.
Кога се будите со желба за онаа магична миризба, кога со замижани очи уживате во првата голтка и уживањето трае сè до последната... Очигледно, вие сте вистински љубители на кафето.