Веќе во првите епизоди се зборува за проблемот со насилства во училиштата, сексуалноста, сексизмот, дискриминацијата, и институциите кои не сакаат да ги слушаат.
Заплетот се базира на животот на мајка и ќерка, а бидејќи пред нас доаѓаат повеќе и поубави денови, оваа позитивна и забавна серија е совршен избор кој нема да разочара никого!
Турскиот сценарист Беркун Оја не сакаше да одржи час по социологија и психологија со оваа серија, но не е лошо одвреме-навреме да ги потсетуваме луѓето дека вознемиреноста, депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религија.
Американската драмска серија „Firefly Lane“ е создадена врз основа на истоимената книга и серијата ги следи животите на двете најдобри пријателки од моментот кога се запознале во тинејџерските години.
Оваа серија дава целосно нов поглед на болеста ХИВ, ЛГБТ заедницата и фактот дека заплетот е делумно заснован на сопственото искуство на Дејвис, па целата серија дава момент на реализам што го чувствува гледачот.