Филм за несебичното преземање секаков ризик за да ù се помогне на саканата, за неочекуваните пресврти кои животот најчесто и ни ги носи, за емотивноста, но и за суровоста...
Филм за малтретирањето и потценувањето поради бојата на кожата. Но, и за „белите“ илузии за величина и за „црната“ внатрешна сила да ги промени работите и да извојува мала победа...
Филм за кршливоста на човековиот живот, но и за нашата битка „целта ги оправдува средствата“ за да го задржиме... Сепак, што ако смртта ни ја носи едно обично пријателско ракување или вечера во ресторан?
Филмски колаж од видеа снимени само на 24 јули 2010 година, од десетици луѓе низ целиот свет, а финалниот производ е ода за различностите, за животот, но и за убавината на секој ден минат на оваа планета...
Повеќето луѓе не се толку чесни, за да ви поверуваат дека баш секогаш ја кажувате вистината, а оваа приказна сликовито прикажува дека работите честопати не се онакви какви што изгледаат од страна.
Како би можел да се чувствува еден чевел доколку е одделен од својот животен сопатник - другиот чевел? Не помирувајќи се со ваквата судбина, синиот чевел храбро тргнува да ја спаси својата сродна душа...
Лесна комедија за препознавањето на вистинските нешта кои ни биле пред нос целото време, но сме ги игнорирале... и многу повеќе за „спонзорушите“, за трулото американско школство, за манипулациите...
Мало девојче со огромна љубов кон астрономијата, живее во свет без ѕвезди, но има голема надеж, неуморно очекувајќи некаков знак на промена. Ова е тема на приказната во краткиот анимиран филм „Осветлување“ (Light Up).
Филм за свиркачите, за луѓето кои кога ќе видат нешто што не смее да се случува, не премолчуваат туку ќе ги вклучат сите сирени... но и за предавниците кои некогаш се спакувани во „ангелски“ пакет...
Анимирано вестерн доживување за работите за кои не ни размислуваме и ги прифаќаме „здраво за готово“, а реално од нив ни зависи животот… Како што е водата...