Секогаш добро организираната девица не може да сфати како рибата може да пронајде нешто во тој хаос што го остава зад себе. На рибата пак ѝ е несфатливо како може девицата да се нервира зошто ѝ снемало парфем...
Лавот обожува да го „потхранува“ кревкото его на рибата со екстравагантни комплименти и промислени подароци, а никој не ја цени неговата дарежливост, повеќе од неа.
Машките риби, пред сѐ се личности кои во секој момент ќе ви пружат поддршка и ќе ви дадат сочувство, за сето она коешто во моментот се случува во вашата глава.
Будалестиот рак умее да ја насмее рибата дури и кога ѝ се плаче. Рибата пак, може да почувствува кога на ракот му е потребна широка утешителна прегратка.