Тие не само што се во целосен допир со своите потреби, туку и многу често знаат што им е потребно на другите, правејќи ги едни од најчувствителните хороскопски знаци во Зодијакот.
Жената Рак е спонтана и возбудлива. Знае да сака длабоко и ужива во еротски љубовни сеанси со бакнежи од кои ѝ се свртува во главата. Штом го пробиете нејзиниот железен оклоп, ќе уживате во сите слатки нешта кои таа ги поседува.
Девицата и ракот можат да оформат пријатно пријателство што ќе трае со години. Двајцата се домашари кои преферираат тивки ноќи покрај телевизорот, но знаат и да поминат лудо забавувајќи се во некој локален бар.
Понекогаш дружбата со нерасположениот рак може да биде предизвик за секогаш расположениот лав. За среќа, лавот е добар во прогледување низ прсти кога станува збор за неговите пријатели...
Никој не може повеќе да го насмее ракот од некој кој го споделува неговиот хороскопски знак, благодарение на чувството за апсурд кое го поседуваат и кое длабоко ги расположува.
Оптимистичкиот карактер на ракот додава една многу позитивна светлина врз секојдневието на близнакот, додека воспитувачкиот инстинкт на близнакот создава удобност во светот на ракот.
Ракот е секогаш расположен да му го подготви на бикот омилениот оброк, а со никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, кој ужива во секое залче домашна храна.
Овенот треба да го охрабрува ракот во реализацијата на неговите идеи, бидејќи тој е исто толку моќен лидер колку и овенот. Ракот пак, може да му помогне на овенот подобро да си ги организира финансиските трошоци.
Будалестиот рак умее да ја насмее рибата дури и кога ѝ се плаче. Рибата пак, може да почувствува кога на ракот му е потребна широка утешителна прегратка.