Девицата нема да му ги кажува на овенот оние нешта кои тој сака да ги слушне. Токму напротив, таа ќе му направи искрена анализа на предностите и слабостите на неговиот карактер.
Овенот само треба да внимава да не се однесува грубо со лавот. Тој треба да запамети дека лавот сака себеси да се доживува како крал и сака да биде третиран како таков.
Овенот треба да го охрабрува ракот во реализацијата на неговите идеи, бидејќи тој е исто толку моќен лидер колку и овенот. Ракот пак, може да му помогне на овенот подобро да си ги организира финансиските трошоци.
Без разлика дали авантуристичкиот овен е желен за скокање со банџи, качување по карпи или сурфање на бранови, близнакот секогаш ќе биде расположен да му прави друштво.
Додека овенот работи со „полна пареа“ и напнато очекува некој важен повик, бикот наместо да го теши со некои излитени фрази, смирено и пополека ќе му приготви вкусна пилешка супа за да го релаксира.
Овенот ѝ се восхитува на рибата како секогаш умее да ја каже вистинската работа во вистинскиот момент, а рибата му се воодушевува на овенот како секогаш успева да го добие она што го сака.
Двајцата се неограничено љубопитни луѓе, кои ќе уживаат во нивните заеднички авантури, особено во оние кои вклучуваат елемент на опасност, како парасејлинг, карате или банџи скокање.
Овенот секогаш ќе може да смета на поддршката и охрабрувањето од страна на јарецот. Овенот за возврат му нуди возбуда и стимулација – особини кои очајно му недостасуваат на јарецот.
Двајцата обожаваат да се забавуваат до раните утрински часови, располагаат со непресушен извор на енергија и кога се заедно, задоволството е обострано.