Нејзе не можете да не ја забележите и таа е вистинска награда, доколку успеете да ја уловите. Ќе мора да вложите екстра напор и да бидете вреден за нејзиното присуство. Па, таа е кралица на џунглата.
Машкиот лав може да ја „потресе“ целата просторија со својата моќност и самодоверба. Тој го знае тоа, сака и другите да го знаат тоа и да изреагираат со восхит.
Повеќето луѓе се ежат од преголемата внимателност на девицата, но на лавот на некој начин му се допаѓа оваа нејзина особина. Од друга страна, девицата сфаќа дека лавот мора секогаш да биде „ѕвездата на шоуто“.
Секогаш кога некој лав ќе почувствува силна потреба да пронајде личност која вистински ќе го почитува, треба да си најде другарче со кое го дели истиот хороскопски знак.
Понекогаш дружбата со нерасположениот рак може да биде предизвик за секогаш расположениот лав. За среќа, лавот е добар во прогледување низ прсти кога станува збор за неговите пријатели...