Девицата е склона на повлечено, срамежливо и внимателно завршување на своите работни активности додека брзо се прилагодува на околностите и ситуациите.
Повеќето луѓе се ежат од преголемата внимателност на девицата, но на лавот на некој начин му се допаѓа оваа нејзина особина. Од друга страна, девицата сфаќа дека лавот мора секогаш да биде „ѕвездата на шоуто“.
Девицата и ракот можат да оформат пријатно пријателство што ќе трае со години. Двајцата се домашари кои преферираат тивки ноќи покрај телевизорот, но знаат и да поминат лудо забавувајќи се во некој локален бар.
Девицата нема да му ги кажува на овенот оние нешта кои тој сака да ги слушне. Токму напротив, таа ќе му направи искрена анализа на предностите и слабостите на неговиот карактер.
Секогаш добро организираната девица не може да сфати како рибата може да пронајде нешто во тој хаос што го остава зад себе. На рибата пак ѝ е несфатливо како може девицата да се нервира зошто ѝ снемало парфем...
Принципиелната девица ги обожава слатките „вознемирувања“ кои водолијата ѝ ги предизвикува, бидејќи длабоко во себе, тежнее по малку повозбудлив живот.