Патот кон освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак бик, е преку неговиот стомак. Тоа значи дека ќе ве обожува доколку му зготвите вкусна храна или го однесете во некој добар ресторан.
Ракот е секогаш расположен да му го подготви на бикот омилениот оброк, а со никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, кој ужива во секое залче домашна храна.
Биковите секогаш се водат по поуката дека секој зачуван денар е заработен денар, додека неговиот другар близнакот има проблем да ги чува парите во својот џеб. Дали има надеж за ова пријателство?
Во ваквото пријателство, бикот нема потреба да се грижи дека неговиот другар ќе го откачи во моментите кога ќе биде болен, депресивен или нерасположен.
Додека овенот работи со „полна пареа“ и напнато очекува некој важен повик, бикот наместо да го теши со некои излитени фрази, смирено и пополека ќе му приготви вкусна пилешка супа за да го релаксира.