Исклучително талентираниот италијански уметник Гвидо Даниеле, наместо на платно, црта на човечки раце, притоа создавајќи скулптури на животни кои изгледаат совршено и оригинално.
Јулија Бродскаја, по потекло од Москва, живее и работи во Велика Британија, занимавајќи се со креирање на илустрации, кои претставуваат комбинација од хартија, типографија и рачни изработки со многу детали.
Овие постери се продолжение на реченицата: „Зарем животот не би бил совршен кога...“, во кои ќе ги пронајдете секојдневните ситуации со кои сте се соочиле многу пати во животот.
Дизајнерот Виктор Херц им ги менува имињата на добро познатите светски брендови, на тој начин откривајќи ја вистината за нив. Погледнете како според него би требало да се викаат познатите компании.
Кока-кола е бренд кој отсекогаш бил инспиративен за артистите. Пример за тоа се овие ограничени изданија на амбалажи за Кока-кола шишенца и лименки, дела на познатите светски дизајнери.
Волтон Крил е американски уметник кој употребува пушка со калибар од 22 милиметри, која му е подарок од неговиот татко, за создавање сложени уметнички шаблони врз обоени алуминиумски плочи.
Шпанскиот артист Хуан Франтиско Касас црта неверојатни монохроматски портрети, користејќи само сино хемиско пенкало, притоа создавајќи ефект на фотографии. Касас ги користи фотографиите кои самиот ги има направено...
Кинескиот уметник Xia Xiaowan користи повеќе слоеви на затемнето и осенчано стакло, така трансформирајќи ги дводимензионалните слики во величествени тридимензионални дела.
Англискиот артист Дејвид Вокер се пронашол во сликањето улични портрети, но на еден малку поинаков начин. Тој не употребува четка, бидејќи сака неговите дела да бидат комбинација од графити и традиционално сликарство.
Многу од делата на Гурам Доленјашвили претставуваат пејзажи во црно-бела техника, направени со користење на молив или графит, притоа понекогаш внесувајќи надреалистички елементи...