Понекогаш наидуваме на фотографии кои едноставно кажано не тераат да потскокнеме од радост. Проектот на њујоршкиот фотограф Џордан Матер т.н. „Танцувачите меѓу нас“ го постигнува токму тој ефект.
Ова столче со интересен и креативен дизајн совршено може да се вклопи во секое кафуле. Дизајнирано е од Кореецот Sunhan Kwon, а името („Coffee Chair“) го добива според неговата очигледна форма.
Како би изгледал еден дом кога би бил дизајниран од 6 годишно дете? Веројатно шарен, во многу бои, со голем кауч за играње и скокање, надополнет со тобоган за целосно пренесување на детската игра од паркот во дневната соба.
Кафе-масичките „Нано“ претставуваат сет составен од два елементи со различна висина. Дизајнирани се од Менегело Паолел за потребите на компанијата „Emoh“, а истите му ја донесоа наградата „Red Dot“...
Кинескиот уметник Xia Xiaowan користи повеќе слоеви на затемнето и осенчано стакло, така трансформирајќи ги дводимензионалните слики во величествени тридимензионални дела.
Англискиот артист Дејвид Вокер се пронашол во сликањето улични портрети, но на еден малку поинаков начин. Тој не употребува четка, бидејќи сака неговите дела да бидат комбинација од графити и традиционално сликарство.
„Изгубената градина“ (Missing garden) е називот на овој проект кој е комбинација од илустрации, фотографии и табла за пишување, а чија цел е да ги истражи носталгичните сеќавања од детството.