Специфичност на овој простор му даваат фикусните дрва со прикриени жардиниери, кои создаваат чувство на прекрасен отворен простор исполнет со светлина и вегетација.
Оваа прекрасна и инспиративна колекција од макрофотографии е направена од страна на самоукиот фотограф Јоаким Краемер кој има само 19 години, а живее во Норвешка.
Секоја приватна „кабина“ има огромен брачен кревет, камин на дрва, галерија и комфорен мебел. Големиот прозорец на едната страна обезбедува длабок и релаксирачки поглед во долината.
Убавите шарени ѕидови, фреските со цртежи од човечката историја, интересните и креативни ознаки и неверојатната чистота се само дел од карактеристиките на овој метро систем. Се наоѓа во Стокхолм, Шведска.
„Сакам да создавам фотографии кои имаат душа. Еден фотограф не е ништо поразличен од сите останати, ако не успее да раскаже приказна. Убавината не е универзална, најважната работа е чувството.“
Филип Кулисев е „виновникот“ за овие фасцинантни фотографии од кои ќе ви се „насмеат“ очите, ќе почувствувате спокој во душата и ќе се исклучите од реалноста, уживајќи во совршената мајка природа.