Во еден маркет во Пекинг, уметникот Лиу Болин преку целото тело ги нацртал соодветните зеленчуци кои се наредени позади него, за да се „вклопи“ со полиците и да изгледа како таму да нема никој.
Ако работите од дома и се борите да најдете баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, тогаш најверојатно ви треба ваква модерна мини-канцеларија, лоцирана во вашиот двор.
Дали некогаш сте виделе помодерна библиотека од оваа? За изградбата биле потребни 3 години, а се потрошиле околу 108 милиони американски долари. Свеченото отворање се одржало минатиот месец.
Рускиот фотограф Витали Соколовски ги лови акробатските движења на неверојатно еластичните танцувачи, додека тие наводно ги извршуваат нивните секојдневни активности, облечени во обична облека.
Инспирирана од светлината која наѕирнува низ прозорците и вратите на разните домови, Ен Лор Мизон решила да ги фотографира и потоа дигитално да ги спои, креирајќи блескави куќи, кои зрачат со топлина и љубов.