Колин Мика и Брендон Ведер од компанијата „All Cut Up Films“ се креаторите на ова уникатно видео, изработено во техниката „time-lapse“, кое го прикажува Лос Анџелес во текот на новогодишниот период.
„1000 Doors“ е уметничка инсталација изработена од Choi Jeong-Hwa. Тој поставил илјада користени врати во разни бои на ѕидовите на една десеткатница во центарот на главниот град на Јужна Кореја, Сеул.
Премногу електронски апарати во домот, неизбежно водат до безброј испреплетени жици на кои не можете да им го најдете крајот. Инспириран од овој проблем, Кристоф Ниман изработил креативни слики со жици...
Пекиншкиот артист Ли Уеј се занимава со еден современ облик на уметност. Во неговите имагинативни фотографии тој покажува дека може тотално да ѝ се спротивстави на гравитацијата.
Секој од нас понекогаш ужива да гледа во небото и да ги набљудува облаците, нивните најразлични форми кои полека се губат и се претвораат во нови. Погледнете дел од чудесните и неповторливи облици...
Портфолиото на волшебникот од Токио, фотографот Hisashi Noboru Sakamoto, е богато со разновидни пејзажи и широк спектар на ноќни фотографии од небото исполнето со живи бои.
Покетс Ворхол е мајмун кој слика апстрактни дела вредни стотици долари. Сликите ги изработува со неговата опашка, раце и нозе, а понекогаш користи дури и четка за сликање.