Комплицираната постапка за изработка на предмети и накит од мурано стакло, потекнува од истоимениот остров во близина на Венеција и е традиција која се поврзува со ова место уште од 9-тиот век.
Ако сакате да сликате, но истовремено не можете да се одвоите од вашиот таблет или смартфон, тогаш вистинската работа за вас е специјално дизајнираната уметничка четка „Sensu“, компатибилна со екраните на допир.
Австралиската архитектонска куќа „MPR Design Group“ ја проектирала оваа голема модерна куќа со многу дрвени детали, која е речиси целосно опколена со рајски базени.
Роуан Стокс Мур ја прикажува суштината на Дизниевите анимирани филмови на мошне необичен начин, преку постери кои се исполнети со оптички илузии, така што секој во себе крие по два кадри од филмот.
Доколку сакате да имате вакви необични полици во вашиот дом или пак сакате да подарите на некој љубител на книгата, можете да ги купите онлајн за помалку од 14 американски долари.
Таа е еден од новите холивудски ликови, но само во уметничките дела на Швеѓанецот Џорџ Шамоун. Тој дошол до интересна идеја, да го спои лицето на филмската икона Елизабет Тејлор со лицето на Анџелина Џоли.
Темелите на хотелот „Intercontinental Shimao Shanghai Wonderland“ конечно беа поставени минатиот месец, а се очекува првите гости да ги пречека на почетокот на 2015 година.