Илустраторот Карлос Датоли направил илустрација на која прикажал како би изгледале познатите суперхерои доколку би се хранеле со брза храна, слатки и доколку би пиеле само пиво.
Фотографот Тиери Коен ни дава шанса да погледнеме како некои од најголемите градови би изгледале доколку би имале чисти неба и нималку градска светлина.
Инспирација во Тоскана пронашол фотографот Аднан Бубало кој создал серија прозрачни фотографии карактеристични по начинот на кој се фатени различните слоеви, боите и светлината.
Дизајнерите од компанијата „Trinity Hammocks“ сакаат да го променат начинот за релаксација на луѓето со два многу слични, но уникатни дизајни на лежалки.
Интернационалниот натпревар во хортикултурна уметност кој се одржува во Монтреал, Канада опфаќа креирање и монтирање на живи уметнички дела од растенија со листови во разни бои.
Овие фотографии се направени од страна на фотографот Хери Витиер Фрис, кој ги облекувал неговите мачки и кучиња и ги фотографирал во ситуации во кои најчесто се наоѓаат луѓето.
Мачките кои имаат „сенс“ за мода и стил сега можат да го изберат саканиот дизајн од големата понуда на плетени капи кои ги изработува американската артистка Мередит Јарбру.