Иако првичната цел на кацигата е да ја заштити главата на возачот на моторот од несакани повреди во случај на незгода или пад од моторот, сепак тоа не значи дека не може да изгледа кул.
„En Puntas“ е неверојатно артистичко видео во кое балерината Амели Сегара изведува танцувачки перформанс на големо пијано, носејќи балетанки, продолжени нанапред со остри кујнски ножеви.
Рускиот мејкап артист Вадим Андреев ги трансформира обичните жени и мажи во прекрасни девојки и момци, како од насловните страници на познатите магазини.
Фотографката Викторија Пашута која живее и работи во Калифорнија, ги искористила иконите на светски познатите интернет прелистувачи и ги претворила во тренди модели.
Оваа колекција не само што ќе ве разведри, туку и ќе ве мотивира да погледнете кон светот со надеж. За да можете да го видите виножитото, мора прво да го почувствувате дождот нели?! Уживајте! :)
Сопствениците на кројачкиот салон „Ejjeh & Sons“ во Либан, ја реновирале својата работилница и по тој повод решиле да ја промовираат промената преку една модерна уметничка инсталација.