Рекламирањето не е само алатка за продавање. Професионалците можат да ги претворат рекламите во моќен инструмент за информирање и просветлување на општеството.
Октомври е месец на свеста за ракот на дојката, па по тој повод се приклучуваме на напорите да ја подигнеме свеста, но истовремено и да споделиме неколку креативни реклами кои ја промовираат истата идеја.
Замислете продукт кој ќе ви овозможи да станете поубави. „RB-X“ од „Dove“ е налепница за убавина што се лепи на раката и со тек на време ве прави поубави одошто сте. Дали е можно?