Секојдневно можеме да наидеме на нови генијални идеи кои успеваат да го измамат човековото око. Она што личи на гранки, дрвја, листови, всушност се кабли, жици и други алтернативни материјали.
Повеќето уметници кои се занимаваат со цртање, го користат моливот за со нив да ја создадат својата уметност. Далтон Гети има малку поинаков пристап. Тој создава минијатурни маестрални дела директно на врвот од моливот.
Јулија Бродскаја, по потекло од Москва, живее и работи во Велика Британија, занимавајќи се со креирање на илустрации, кои претставуваат комбинација од хартија, типографија и рачни изработки со многу детали.
Јапонскиот артист и архитект Akinobu Izumi креирал педантна серија од уловени моменти од животот т.н. „A Tiny World in a Bottle“, сместени во малечки теглички, кои дефинитивно ќе ве потсетат на убавите моменти во животот.
Автомобилите се составен дел од секојдневието на луѓето, па затоа многу често тие претставуваат инспирација за уметниците и скулпторите. Сенди Сандерсон, создава фантастични класични автомобили од празни лименки.
Гвен Марфи е скулптор со неразбирливо голема пасија за чевли. Резултатот од неговата желба за уметничко изразување и опседнатоста со чевлите се преточува во скулптури кои се спој од врвот на човечката фигура и обувките...