Небото над Финска е природна убавина и предизвик за многу фотографи од целиот свет. Тоа го покажува и финскиот фотограф, Мико Лагерстед со неговите неверојатни небесни фотографии.
Портретите на Алесио Алби се необични и неверојатно убави. Природната светлина во комбинација со елементите од природата ни прикажуваат една поинаква убавина на лицата на женските модели.
Уметноста може да се пронајде на секое место, а фотографoт Андре Гонсалвес, кој потекнува од Португалија, ја пронашол во убавината на прозорците, детаљ на кој неговите колеги не обрнуваат многу внимание.
Треј Ретклиф е фотограф кој одлучил да ги улови сите убавини на светот. Неговите фотографии кријат разни тајни додека истовремено ја доловуваат магијата на живеењето во слики.
Фотографот Александар Јаковлев прави фотографии од професионални танчари кои оживуваат пред нашите очи како резултат на додадените динамични елементи, како на пример, брашно кое експлодира.
Фотографката Кејти Џој Крафорд на еден уникатен и сосема поинаков начин ја прикажува нејзината борба со анксиозноста во серијата фотографии „Моето анксиозно срце“.