Една од работите кои мора да ги посетите кога одите во Виндзор, Англија, е куклениот дом на кралицата Мери - најголемиот, најубавиот и најпознатиот куклен дом во светот.
По повод Фестивалот на светлината во Лион, Франција, тунелот „Црвен крст“ кој е долг 1,8 километри беше претворен во надреална земја на чудата. Благодарение на светлосните проекции, тој беше претворен во голема галерија „на отворено“.
Кул пералница во која ќе ја освежите вашата носена облека, а додека чекате машината да заврши, ќе се релаксирате во барот со пијалак и жива музика, а воедно можете и да си ја средите фризурата, во составниот салон.
Без разлика дали работите професионално на лаптоп или го користите за сурфање или играње игри, оваа масичка е она што цело време ви требало, но не сте ни биле свесни.
За уредувањето е одговорна фирмата TG-Studio. Тие имале важна задача – да го уредат просторот во обновената стара зграда и притоа да не ја занемарат нејзината околина со стари градби.
Италијанскиот дизајнер Клаудио Ското изработил линија на карактеристичен мебел со специјален дизајн инспириран од најчесто употребуваните фонтови од страна на дизајнерите.
Младите читатели во библиотекава прво си одбираат неколку од нивните омилени приказни и потоа се качуваат на мрежата која виси над родителите, што им дава можност одоздола да припазуваат на нивните деца.
Дизајнерот Боги Чен е креатор на овој разигран, сладок мебел во облик на огромни слатки. Серијата ја нарекува „Sweeties“, а се состои од столчиња во форма на мали тортички и бисквит-маса.
Главната цел на дизајнот е сопственикот да се чувствува максимално безбедно во својата куќа и токму поради тоа таа наликува на модерна тврдина која е скриена зад непробоен ѕид.
Лоциран во нов станбен комплекс во Краснодар, Русија, овој апартман е направен според барањата на сопственикот, кој сакал целокупниот дизајн да се развива околу една централна идеја – Обединетото Кралство.