Најновата инсталација на „Lab 212“ е големо интерактивно ѕвездено небо, кое секој би посакал да го има во својот дом. Замислете како би било да патувате низ ѕвездите, без да ја напуштите вашата дневна соба.:-)
Нурнете се во магичниот и надреален свет на фотографот и студент по графички дизајн, Мануел Родригез Санчез. Со неговите вешти фото-манипулации, Санчез нè води во имагинарен и чудесен свет.
Би го замениле ли класичното кампување на планините, каде цврсто стоите на земја, со екстремно и лебдечко? Ако сте зависници од адреналин, ова може да биде вашиот следен предизвик.
Пирографијата е уметност со горење на природни површини. Наместо четка и бои за сликање се користат вжештени предмети, а платното се заменува со дрво, хартија и кожа.
Едно од најфасцинантините места во светот е златниот водопад „Horsetail Falls“, лоциран во националниот парк Јосемити во Калифорнија. Ова ремек дело на природата, се јавува само еднаш во годината и трае две недели.
Ѓаволски добро пливање и рајски поглед, ви нуди бесконечниот природен базен на работ од Викториините водопади. Во периодот кога реката е со најнизок водостој, тој е мета на илјадници туристи.
Истражувањата покажуваат дека дури и лошата музика може позитивно да ни влијае. Таа може да нè ралаксира после напорен ден, да нè извади од најдалбоките емотивни кризи и да ни помогне да ги надминеме болестите...