Додека овенот работи со „полна пареа“ и напнато очекува некој важен повик, бикот наместо да го теши со некои излитени фрази, смирено и пополека ќе му приготви вкусна пилешка супа за да го релаксира.
Секогаш добро организираната девица не може да сфати како рибата може да пронајде нешто во тој хаос што го остава зад себе. На рибата пак ѝ е несфатливо како може девицата да се нервира зошто ѝ снемало парфем...
Лавот обожува да го „потхранува“ кревкото его на рибата со екстравагантни комплименти и промислени подароци, а никој не ја цени неговата дарежливост, повеќе од неа.
Машките риби, пред сѐ се личности кои во секој момент ќе ви пружат поддршка и ќе ви дадат сочувство, за сето она коешто во моментот се случува во вашата глава.