Филм за тоа колку често посакуваме да живееме нечиј друг живот, а притоа не сме ни свесни дека и покрај сите плусови и минуси, најубаво ни е во сопствената кожа...
Филм за несебичното преземање секаков ризик за да ù се помогне на саканата, за неочекуваните пресврти кои животот најчесто и ни ги носи, за емотивноста, но и за суровоста...
Филм за малтретирањето и потценувањето поради бојата на кожата. Но, и за „белите“ илузии за величина и за „црната“ внатрешна сила да ги промени работите и да извојува мала победа...
Филм за кршливоста на човековиот живот, но и за нашата битка „целта ги оправдува средствата“ за да го задржиме... Сепак, што ако смртта ни ја носи едно обично пријателско ракување или вечера во ресторан?
Филмски колаж од видеа снимени само на 24 јули 2010 година, од десетици луѓе низ целиот свет, а финалниот производ е ода за различностите, за животот, но и за убавината на секој ден минат на оваа планета...
Лесна комедија за препознавањето на вистинските нешта кои ни биле пред нос целото време, но сме ги игнорирале... и многу повеќе за „спонзорушите“, за трулото американско школство, за манипулациите...
Филм за свиркачите, за луѓето кои кога ќе видат нешто што не смее да се случува, не премолчуваат туку ќе ги вклучат сите сирени... но и за предавниците кои некогаш се спакувани во „ангелски“ пакет...
Анимирано вестерн доживување за работите за кои не ни размислуваме и ги прифаќаме „здраво за готово“, а реално од нив ни зависи животот… Како што е водата...
Филм за мобингот, за малтретирањето на работното место и за професионалните психопати со чии лик и дело речиси сите сме се запознале, но сме морале да премолчиме...