Вашиот хороскопски знак открива зошто сте спремни да му се вратите на поранешниот партнер

Вашиот хороскопски знак открива зошто сте спремни да му се вратите на поранешниот партнер

Ви откриваме поради кои причини секој хороскопски знак може да посака да му се врати на поранешниот партнер. Некои полесно даваат втора шанса, но за некои тоа е вистинска реткост.

Зошто сте спремни да му се вратите на поранешниот партнер – според вашиот хороскопски знак

Дали повторното стапување во врска со бившиот партнер е добра идеја?

Овен

Романтичните и емотивни Овни честопати се депресивни откако ќе раскинат со партнерот. Ним им недостасуваат емоциите и страста што ја исполнувале нивната врска, дури и ако во неа имало повеќе лоши отколку добри моменти.

Овни, најверојатно, сте биле искрено вљубени во својот поранешен партнер, штом дури и по раскинувањето, сте подготвени да заборавите на неговото токсично однесување и да му се вратите затоа што сте убедени дека подобро се чувствувате со него отколку без него.

Бик

Бикот со кој управува Венера е познат по неговото тежнеење кон стабилност. Затоа, поради празнината што не ја планирале, тие страдаат. Ова е знак дека тој е подготвен да се бори до последен здив пред да се предаде. Бикот дава сè од себе за да остане во врска, иако таа е досадна и далеку од идеална. Бикот вложува многу време и напор во градењето идеална врска и не е подготвен да го прифати фактот дека неговиот труд може да биде залуден и промената да се случи преку ноќ, па така ним им  е полесно да започнат врска со својот поранешен партнер отколку да започнат одново.

Близнаци

Тешко им е на позитивните и весели Близнаци да го преживеат крајот на врската, дури и ако таа не траела долго.

Близнаци, се плашите да бидете во подредена позиција, обидувајќи се да го вратите партнерот што сте го ценеле. И, ако поранешниот ви понуди одново да започнете да излегувате, вие ќе се убедите себеси дека овој пат сè ќе биде сосема поинаку.

Рак

Осетливиот Рак доста тешко се справува со последиците од раскинувањето. Раковите може постојано да гледаат стари фотографии со својот поранешен партнер, да читаат стари пораки – со цел да ги оживеат сензациите што ги доживеале кога биле во врска.

Ракови, подготвени сте на многу нешта за повторно да ги доживеете пријатните емоции поврзани со вашиот поранешен партнер и ако тој ви понуди да ја обновите вашата врска, веројатно ќе се согласите.

Лав

Лавови, инвестирате премногу во врската, но не можете лесно да се ослободите и да се помирите со празнината. Не се помирувате дека е крај и ако сте навистина вљубени во некого, земате сè во свои раце и се обидувате повторно да комуницирате со својот бивш со цел повторно да го шармирате. Сепак, подобро е тоа отколку постојано да се жалите дека не сте се обиделе.

Девица

И покрај фактот дека е независна и самостојна, Девицата навистина го цени односот со сродната душа. Брзо се врзува со партнерот, а раскинувањето со него за нив е поболно отколку што претпоставуваат. Важно е да се соочат со тоа што се случило и да разговараат со партнерот. Девицата е знак кој е подготвен да ги поправи односите и да одржува комуникација со нејзиниот поранешен партнер.

Можеби ќе се согласите да ја започнете врската одново ако вашиот бивш ви понуди да му се вратите.

Вага

За Вагата раскинувањето со партнерот е еден од најголемите кошмари. И кога ќе се случи овој прекин, тие тоа го доживуваат многу трауматично. Вагата е дипломатски знак и се смета себеси за личност која е во состојба да комуницира со партнерот.

Во секоја ситуација, вие се обидувате да ја задржите рамнотежата и да избегнете конфликти, па затоа ви се чини полесно да се вратите во старата врска отколку да се обидете повторно да внесете хармонија во вашиот живот.

Скорпија

Скорпии, за вас раскинувањето со партнерот е најлошото сценарио што може да ви се случи. Вие сте страсни и емотивни многу ја цените вашата врска и подготвени сте да направите многу за да ја издигнете врската од пепелта.

Скорпиите не се од оние знаци што сакаат брзо и лесно да се впуштат во друга врска. Тие целосно му се препуштаат на партнерот и завршуваат повредени.

Потребно ви е долго време и напор за конечно да се ослободите од болката.

Стрелец

Стрелец, ја сакате слободата и ја цените својата независност, но во врската сте бескрајно искрени и силно приврзани кон партнерот. Значи раскинувањето со него вам ви е повеќе од болно. Меѓу причините заради кои може да се согласите да му се вратите е и желбата да пробате да го залечите скршеното срце. Но, и стравот поради можноста да останете сами може да ве натера да му се вратите на бившиот.

Јарец

Јарците не се меѓу оние кои сакаат спонтани одлуки и се подготвени за животни промени. Во врската ја ценат стабилноста и доследноста.

Затоа, кога нешто во неа оди наопаку, а уште повеќе кога таа ќе заврши, ви се мрда тлото под нозете. Вие сте под влијание на навиките и честопати сте подготвени да му се вратите на својот поранешен партнер затоа што веќе добро го познавате и сте навикнати на него.

Водолија

Романтична Водолија е многу чувствителна кога е во врска и сите проблеми си ги става при срце. Дури и по тешко раскинување, вам ви е важно да имате пријателски однос со партнерот зашто имате надеж дека сè уште ќе може нешто да поправите, така што скоро секогаш сте подготвени да ѝ дадете втора шанса на вашата врска.

Риби

На мечтателните Риби им е тешко да се помират со раскинувањето и одново ќе размислуваат за сè што сте имале со бившиот болно анализирајќи зошто сето тоа завршило.

Дури и кога срцето ви е скршено, не сте му лути и не го мразите својот поранешен партнер и ако тој одеднаш реши да ви се врати, најверојатно великодушно ќе му дадете втора шанса.

Можеби сакате да дознаете и каква новогодишна одлука треба да донесете според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар