Зошто сте посреќни кога сте сингл, според вашиот хороскопски знак? - Part 2

Зошто сте посреќни кога сте сингл, според вашиот хороскопски знак?

Девица

Конечно сте сингл и нема никој околу вас, којшто ќе прави погрешни одлуки и ќе ви се меша во работите. Како Девици во хороскопски знак, вие сте перфекционисти коишто обожуваат да го имаат домот само за себе. Мислите дека уметничкото дело поставено на ѕидот од вашата дневна соба не е добро центрирано? Преместете го. Не ви се допаѓа бојата на ѕидовите? Сменете ја. Воедно, ако сте сингл од неодамна сега имате прилика да ги преправите сите грешки на бившиот партнер во декорирањето на домот. Не само тоа, туку можете и комплетно да го смените дизајнот на домот. Да се биде сингл, подразбира одново да се откриете самите себе, зарем не?!

Зошто сте посреќни кога сте сингл според вашиот хороскопски знак

Вага

Избегнувањето недоразбирања е нешто за коешто Вагите живеат, а сега кога сте сингл конечно можете да уживате во тоа. Во овој момент, вие ја имате сета тишина и мир коишто можете да ги посакате и немате веќе потреба да изигрувате дипломат помеѓу други луѓе. Многу полесно е да се дише вака, нели?! Дали некогаш сте биле во ситуација да се расправате за банални работи од типот, на која страна треба да се постави тоалетната храна на држачот? Упс. Епа погодете што? Сега можете да го ставите на која страна и да посакате и да си кулирате гледајќи некој стар, романтичен филм.

Скорпија

Нема ништо во животот што ви дава поголемо задоволство, од тоа да водите истрага за да откриете нешто што ве интересира. Епа сега сте сингл и веќе немате потреба да го анализирате вашиот партнер, неговите емоции, мисли и постапки, нити пак треба да се прашувате дали вие грешите некаде. Фокусирајте се на вашата работа, на вашите хобија и интереси и поминувајте повеќе време со вашите омилени пријатели, без да се прашувате дали „пријателот“ на вашиот партнер, ви е навистина само пријател. Наместо тоа, редно време е да направите светот да ви завидува, поради вашиот неверојатен шарм и фантастичен стил на облекување. Намигнете си себеси, Скорпии и само напред!

Стрелец

Општо е познато дека Стрелците обожуваат да патуваат секаде ширум светот. Епа сега кога сте сингл, можете конечно да талкате слободно каде и да посакате, без некој покрај вас да ве критикува поради изборот на хотелот или да ви кажува зошто не треба да одите во тој град, таа држава и други слични иритирачки коментари. Уживајте во учењето нови јазици, дегустирањето нови видови вина и во флертувањето со мистериозни странци. Сега, можете да го правите сето тоа, без да се прилагодувате на нечии туѓи распореди, инсистирања, досадни планови или уште полошо – омраза кон патување. Појдете сами и истражете го светот со сопствени очи, без никакви воздржувања.

Јарец

Вашата зона на удобност, е да имате практичност во сè што правите во животот, па кога сте сингл немате потреба постојано да ги туркате вашите граници, поради некој друг. Едноставно, ги туркате доволно за да го поттикнете вашиот личен развој и тоа е сè. Тоа е многу релаксирачки за вас, нели Јарци? Затоа, додека уживате во вашиот сингл статус, продолжете да ги подготвувате вашите листи со обврски и активности, проверувајте ги по неколку пати и реализирајте ги со леснотија, со помош на вашата логичка, лева страна од мозокот.

Водолија

Љубовните врски предизвикуваат појава на силни емоции, а не секој има време за емоции. Вие сакате да се издвојувате од толпата и да лебдите над облаците. Кога сте сингл, вие имате доволно време да размислувате за големи, креативни идеи и каде и да одите сакате да им поставувате прашања на луѓето, од типот: „Како ова направи да се чувствуваш?“ Другите луѓе честопати ве опишуваат какo отсутни и резервирани, но тоа не значи дека вам не ви е грижа за останатите. Вие едноставно, сте тип на личност којашто сака да го поминува времето во сонување на начини, како да го направите светот подобро место за живеење. Воедно, вие секогаш сакате да избегате од неважни, секојдневни муабети.

Риби

Кога сте во љубовна врска вие само давате, давате и давате. За восхит и почит е тоа што сте толку несебични, но морате да научите да инвестирате и во самите себе. Излезете сами со себе надвор и уживајте во кутија со фенси, скапи чоколатца додека уживате во индивидуалноста. Понекогаш, сè што ви е потребно на вас Рибите, е да се однесувате спрема себеси, онака како што сакате другите луѓе да ве третираат. Голема е веројатноста, дека поголемиот дел од времето сте го инвестирале во интересите на другите луѓе, наместо во вашите. Наместо тоа, зошто да не се запишете на некој курс, да се јавите на некој стар пријател или да се приклучите на некаков спорт или заедница? Додека сте сингл, одржувајте го вашиот сјај и заблескајте посилно од кога било.

Прочитајте и: Астрологијата открива зошто сте сѐ уште сингл


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар