Зошто секој хороскопски знак се плаши од состанување?
Кога ќе почнете да излегувате со некоја личност што сè уште не ја познавате доволно добро, сигурно се плашите дека можеби ќе бидете искористени или повредени. Во продолжение прочитајте од што се плаши секој хороскопски знак додека оди на средби со потенцијалниот партнер.
Овен
Се плашите да потрошите толку многу време на некоја личност што можеби ќе исчезне.
Бик
Се плашите да се отворите некому за работите за кои се чувствувате несигурно, а потоа тој да замине со сите ваши тајни.
Близнаци
Се плашите да признаете дека имате чувства кон некого, а потоа да откриете дека тие чувства не ви се возвратени.
Рак
Се плашите дека можеби верувате во погрешна личност и влегувате во токсична врска.
Лав
Се плашите да станете физички интимни со некого, а потоа да си замине откако ќе го добие она што го сака од вас.
Девица
Се плашите да се вложите 100% во врската, а да не добиете ништо за возврат.
Вага
Се плашите да се отворите премногу брзо и да ја исплашите личноста, па да избега.
Скорпија
Се плашите да не изгубите премногу време на погрешна личност без да бидете свесни за тоа.
Стрелец
Се плашите да не останете сами засекогаш затоа што се плашите да го направите првиот чекор.
Јарец
Се плашите да ризикувате и да покажете ранливост бидејќи потоа може да ви забодат нож во грб.
Водолија
Се плашите да не бидете искористени поради вашето тело и никогаш да не пронајдете вистинска, значајна љубов.
Риби
Се плашите да стапите во врска којашто никогаш нема да биде официјална.
Прочитајте што му е приоритет на секој хороскопски знак.