Зошто се важни 28-мата, 56-тата и 84-тата година од животот?

Зошто се важни 28-мата, 56-тата и 84-тата година од животот?

Астрологијата функционира со различни кругови или, подобро кажано, со циклуси кои го одредуваат ритамот на животот. Сигурно барем еднаш во животот со воздишка сте заклучиле дека се вртите во круг. Но, немате чувство дека тоа е добро, туку напротив, чувствувате дека постојано ги повторувате истите грешки. Понекогаш имате многу позитивно чувство дека кругот е затворен и сè е на своето место. Круговите го обележуваат животот на различен начин и објаснуваат зошто, на пример, постои она што се нарекува средновечна криза.

Зошто се важни 28-мата, 56-тата и 84-тата година од животот?

Дали верувате во премин на животните циклуси?

Ден и ноќ, промена на годишните времиња, минување на годините обележани со вашите родендени – сето тоа се циклуси со кои го мерите вашиот живот. Секој циклус е како патување на кое треба да тргнете. Иако постојано сте дел од некој циклус, добрата вест е дека постои излез од затворениот круг. Тој излез се отвора кога ќе ги стекнете сите потребни искуства од некоја животна ситуација, подготвени да ги решите истите или слични ситуации со поголема мудрост и со поголема свесност.

Некои астролошки циклуси се долготрајни и многу значајни, други се краткотрајни, динамични и животворни. Еден од најважните циклуси го означува движењето на Сатурн. На Сатурн му требаат околу 28 години да направи целосен круг и да стигне до почетната точка (местото каде што оваа планета била за време на вашето раѓање). Понекогаш патува малку побрзо и се враќа на почетната точка за 28 години, а некогаш му требаат повеќе од 29 години.

Сатурн е господар на времето, симбол на процесот на созревање. Неговиот прв циклус ги симболизира детството и младоста, така што во очите на ѕвездите станувате полнолетни дури на 28 години. Во тој циклус, вие се запознавате себеси и ги градите своите вештини. Вториот циклус, кој започнува на возраст од 28 години и трае приближно до 56-тата година од животот е циклус на зрелост. Тоа е период во кој вашата личност цвета целосно. Ги користите вештините научени во првиот циклус и свесни сте за вашите цели и силни страни. Во тој циклус, можете да ги остварите своите желби и да стекнете мудрост доживувајќи различни искуства.

Третиот циклус започнува на 56 години и трае приближно до 84-тата година. Во овој циклус, веќе не сте посветени на остварувањето на самите себеси и на постигнувањето материјални работи, туку со својата мудрост и со животното искуство го збогатувате сопствениот духовен живот и можете да бидете инспирација за другите. Ослободени сте од многу предрасуди и нагони, но сте доволно љубопитни за да се реализирате во сферата на интелектот и духот.

Секој пат кога Сатурн ќе се врати на почетната точка, што во астрологијата буквално се нарекува враќање на Сатурн, чувствувате дека сте во пресвртна точка во вашиот развој. Враќањето на Сатурн е моментот кога ќе ги расчистите сметките и ќе ги проверите сите ваши достигнувања. Тоа е моментот кога јасно се соочувате со реалноста и можете да видите што точно направивте и што не успеавте да постигнете.

Успесите ве прават посилни и посреќни, но на никого не му е лесно да се соочи со пропусти и грешки, а малкумина се поштедени од тоа. На возраст од приближно 28, 56 и 84 години, се случува тој чувствителен момент на личен развој. Тогаш најверојатно ќе бидете разочарани за пропуштените можности и за погрешните одлуки. Тоа се моменти во кои станувате свесни за минливоста на сè, за сопственото постоење, но и за непостојаноста на пријателствата, работните места, материјалните работи, здравјето и многу повеќе.

Во тие моменти, многумина ќе доживеат некаква криза. Кризата произлегува од спознавањето на минливоста, од признавањето на она што сте го направиле погрешно, од немилосрдната реалност што рефлектира сè што сте создале сами. Тоа е момент во кој чувствувате дека сте одговорни за случувањата во вашиот живот. И не е лесно да се прифати таа одговорност.

Прочитајте во што треба да вложи труд секој хороскопски знак во текот на октомври.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар