Женска карта на страста: Каков маж сака секој хороскопски знак?
Еден од најинтересните сегменти на хороскопот, освен здравјето и кариерата, се односите во љубовта. Секоја жена има различни критериуми и различно се однесува во врска. Пронајдете го вашиот знак и проверете какви барања имате вие под влијание на ѕвездите.
Овен
Не е лесно да ѝ се пријде, затоа што жената во знакот Овен не сака да биде избрана и тоа многу јасно им го става на луѓето до знаење – таа го бира партнерот, таа одлучува и нејзиниот збор или одлука мора да биде последно. Вистината е дека сака да позира, има свои каприци и понекогаш поставува барања кои ни самата не би ги исполнила. Сепак е миленичка на спротивниот пол затоа што многу силно ги привлекува – баш како магнет.
Бик
Припадничките на овој знак се многу женствени. Сакаат момците да внимаваат на нив, а најмногу паѓаат на мажи покрај кои се чувствуваат убаво и сакано. За жените во знакот Бик не постојат клишеа и секое изненадување и знак на внимание во нивните очи се голем плус. Тие копнеат по стабилност и љубов, не се склони кон изневерување и истото го очекуваат од партнерот. Сакаат елегантни и шармантни мажи кои знаат што сакаат и знаат како да го добијат тоа.
Близнаци
Жените во знакот Близнаци се полни со живот, сестрани и единственото нешто што им е важно кај партнерот е да може да го следи нивното темпо. Им се допаѓа заљубеноста и тогаш се спремни да му дадат апсолутно сѐ на партнерот. Иако сакаат да кокетираат и уживаат во машко друштво, кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер, жените Близнаци не размислуваат за други мажи, нити за прељуба. Навистина им е важно партнерот да ги разбира, а довербата им е еден од најважните сегменти во врската. Желни се за знаење, имаат фантастична смисла за хумор, ги сакаат луѓето и дружењето.
Рак
Како чувствителни и интуитивни души, припадничките на овој знак ќе привлечат чувствителни и романтични мажи. Жените во знакот Рак често се карактеризираат со промени во расположението. Сакаат стабилност и ги привлекуваат самосвесни мажи. Со овој знак владее срцето и токму затоа се внимателни и тешко влегуваат во сериозни врски, но кога ќе пуштат маж во својот свет тие остануваат верни и врската ја сметаат за светост. Најмногу се врзани за семејството и истото го очекуваат од партнерот.
Лав
Каде и да се појават, жените во знакот Лав привлекуваат внимание. Тие зрачат со енергија и топлина која ги привлекува мажите, особено оние кои се имотни и моќни. Полни со живот и позитивни, Лавиците обожуваат да се заљубени и уживаат кога партнерот ги опсипува со скапи подароци и изненадувања. Во работата и во животот тежнеат кон стабилност, но во љубовта се спремни на сѐ. Додека веруваат во љубовта која партнерот ја искажува кон нив ќе дадат сѐ, но уште при првите знаци на несигурност тие се спремни да продолжат понатака.
Девица
Тие се перфекционисти и очекуваат партнерот да ја прифати оваа истакната особина. Уште една истакната и подеднакво моќна особина е чувствителноста. Кога ќе се заљубат, Девиците ќе му пружат сѐ на партнерот. Тие ги паметат годишниците и значајните мигови и сакаат да подготвуваат мали и слатки изненадувања. Тие се многу интелигентни и стојат зад своето мислење, па тешко е да ги уверите во спротивното. Сакаат различни типови мажи, а главна особина им е дека влегувањето во врска не е само со срцето, туку и со главата.
Вага
Првиот впечаток кој Вагата го остава е беспрекорен изглед по кој сите ја паметат. Иако можеби на прв поглед се арогантни и пребирливи, овие жени имаат бистра глава и истото го очекуваат и од партнерот. Кога ќе се поврзат, тие се спремни да ја понудат најубавата љубовна авантура. Сакаат да зборуваат и уживаат во расправање, но во сѐ бараат убавина и квалитет. Поради нивната романтична и идеалистичка природа, Вагата ќе скрши по некое срце додека е во потрага по својот принц.
Скорпија
Вистински да запознаете жена во знакот Скорпија не е ни малку лесно. Тие го сакаат својот мир и многу тешко дозволуваат маж да влезе во нивниот простор. Иако се зависници од љубов, се плашат од разочарување и неуспех и затоа се штитат со емоционална ограда. Жените Скорпии во врска влегуваат бавно и сигурно, но кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер тие се верни и предадени, а кога станува збор за интимата, тие се креативни и страсни. Партнерот кој ги почитува и ги прави среќни со нив ќе биде среќен до крајот на животот, но неверството е нешто што овој знак го претвора во вистински војник.
Стрелец
Тие се светски патници и авантуристи на кои промените не им се непознати. Имаат огромни животни апетити кои ги очекуваат и од нивниот партнер. Интелигентни и силни, жените Стрелци внесуваат голема страст во сѐ што ќе допрат, па затоа кај мажите ги привлекуваат особините кои ги немаат – приземност и реалност. Жената Стрелец сака згодни и физички привлечни мажи. Искрени се и кога ќе пронајдат љубов тие се спремни за стабилна и долга врска.
Јарец
Односот на овие жени кон животот е реален. Сакаат постојаност и ги ценат само оние луѓе кои имаат извесна вредност и се во склад со нивните сфаќања. Не е лесно да се освои жена во знакот Јарец. Кај нив љубовта не паѓа како гром од ведро небо. Ретко доживуваат големи љубови и попрво ќе останат сами отколку во површна врска, но кога ќе се заљубат, или подобро кажано кога ќе одлучат да признаат дека се заљубени, тоа ќе трае засекогаш. Кога ќе се одлучат да се врзат за некој, тоа значи дека тие се спремни целиот живот да го поминат со него.
Водолија
Зад нивниот, понекогаш дури ироничен, став сепак се крие несигурност и недоволна самодоверба. Жените во знакот Водолија ги сакаат мажите кои ментално ги исполнуваат и тоа им е поважно и од самиот физички контакт. Овој знак нема физички критериуми затоа што секој пат ги привлекува нешто поразлично од претходниот. Тие се забавни и креативни, а пријателството – како со партнерот така и со најблиските, им е на прво место. Иако се спремни да сакаат, жените во овој знак тешко ќе признаат дека се заљубени – што може да доведе до опасни расправии во врската.
Риби
Сини и големи очи како океан создадени да се исполнат со солзи-радосници се обележје на жените во знакот Риби. Романтични и чувствителни, Рибите сакаат да бидат заљубени, па макар тоа било и само платонски. Бидејќи со нив владее Нептун – планетата која управува со соништата и идеалите, најмногу од сѐ сакаат да бидат восхитени. И самите се многу креативни, па жените во овој знак секој миг со партнерот сакаат да го направат посебен и магичен. Нивната креативност, нежност и емотивност ги прави да бидат пожелни партнерки, но истите тие квалитети можат да ги однесат во нивниот личен свет кој нема никаква допирна точка со реалноста. Исто така, ги привлекуваат необични мажи со изразена мрачна страна.