Жените родени во овој знак се едни од најупорните и најсилните личности во хороскопот

Жените родени во овој знак се едни од најупорните и најсилните личности во хороскопот

Кружно лице со топол израз, големи очи и добра фигура – тоа се најчестите физички описи на жените родени во овој знак. Нивното мото е: „Тивката вода брани руши“, а под нивниот убав и пристоен оклоп се наоѓа силен темперамент. Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Единствена маана им е тоа што во силната желба за сигурност и во обидите да направат сѐ да биде во ред, можат да пропуштат многу спонтани уживања и шанси.

Жените родени во овој знак се едни од најупорните и најсилните личности

Станува збор за жените родени во знакот на Бик. Тие се свесни за својата карактерна јачина и сакаат да ја покажуваат во секој момент. Тие се реалисти и знаат дека животот е непрекинат процес кој постојано се менува. Ја сакаат слободата и уживаат во сите животни задоволства. Жените Бикови се амбициозни личности кои обожаваат да творат и да трагаат по среќата, како и материјалното богатство. Од сите пороци, жените Бикови ја избираат коцката и игрите на среќа.

Една од нивните дарби е тоа што знаат да ги слушаат другите и се полни со разбирање и сочувство. Знаат да го дадат вистинскиот совет во вистинското време и способни се да ја дадат својата поддршка на сите оние кои ги сметаат за добри и праведни личности. Жените Бикови се лојални пријатели, грижливи и пожртвувани мајки и партнери кои знаат како да сакаат. Понекогаш дозволуваат лутината да ги засени нивните сетила и се подготвени на кавга, но способни се и да ги увидат своите грешки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар