Жените родени во овој хороскопски знак се природен магнет
Убава насмевка, елегантни дланки, долг врат, добра фигура и грациозни движења се едни од главните физички карактеристики кои ги опишуваат жените родени во овој хороскопски знак. Имаат изразена дарба за комуникација, рационални се и природно ги привлекуваат сите околу себе. Можат да бидат големи кокети, а како партнери и семејни членови се верни и одговорни. Умеат да ги сакаат другите со целото свое срце, но бараат да бидат сакани и ценети за возврат. Единствената маана е што можат да бидат по малку егоцентрични. Станува збор за жените родени во знакот на Вагата.
Тие се чувствителни, праведни, љубезни, интелигентни, женствени и сестрани и за секого имаат по еден добар збор. Како пријатели се верни и се спремни да помогнат во секој момент. Жените Ваги знаат како да бидат благодарни и да го ценат туѓиот труд. Работливи се и вредни и понекогаш не си даваат доволно време за одмор. Свесни се за своите способности и дарби, но не се вообразени.
На работното поле, жените Ваги постигнуваат добри успеси бидејќи се дипломати во одлучувањето и се стремат по секоја цена да ги остварат своите цели. Радосни се кога нивната напорна работа ќе биде осознаена и ценета, иако таа радост често знаат да ја прикријат во себе. Како сопруги се исполнети и среќни и за своите партнери се постојан извор на лојалност, добро расположение и љубов. Како мајки се ведри, одговорни и доволно строги и како такви својата среќа ја пронаоѓаат во своето семејство.