Жената во овој знак со својата енергија, харизма и динамичност ги покренува сите останати 11 знаци

Жената во овој знак со својата енергија, харизма и динамичност ги покренува сите останати 11 знаци

Жените во овој хороскопски знак се природни лидери, родени да бидат на чело, поради што се и првиот знак во Зодијакот – жената Овен со својата енергија, харизма и динамичност е во состојба да ги покрене сите останати 11 знаци. Секогаш се радува на нови предизвици, поради што типичните претставнички на овој знак се ранобудници. Таа едвај чека да започне новиот ден и да види што ќе ѝ донесе. Сепак, поради својата нетрпеливост, наклонета е да премине на нов предизвик, пред да го заврши претходно започнатиот.

(1) Жената од овој хороскопски знак ги покренува сите други знаци

Таа е непоколеблив оптимист, поради што многу често е вклучена во борбата за правата на другите луѓе и за подобра иднина. Знае да биде многу заиграна и е голем авантурист кој секогаш гледа нанапред, а ретко во минатото. Како и сите, и таа има мани, а нејзините најчести недостатоци се егоизмот, преголемата тврдоглавост и љубомората. Во љубовта таа е многу страсна. Сака да презема иницијатива и да биде таа која што ќе ја заведе другата страна, а исто така сака и да биде по нејзино, па препирањата и малите расправии ги доживува стимулативно. Жената Овен е магнет за мажи, затоа што ја доживуваат како многу интензивна и интригантна, а неретко да се освои нејзиното срце е вистински предизвик.

Кога е заљубена се чувствува најжива и сè во нејзиниот живот тогаш станува екстремно. Во врската не сака да се чувствува потчинето, но повременото покажување љубомора и посесивност ѝ ласка, затоа што за жената Овен тоа е знак дека партнерот знае колку таа вреди. Нема потреба од романтика, но повеќе од потребно ѝ е вниманието од нејзиниот партнер. Доколку во прашање е вистинска љубов, таа не брза во односот, туку сака нештата да се одвиваат полека. Но, многу често жената Овен внесува неверојатно авантуристички дух во љубовниот однос.

(3) Жената од овој хороскопски знак ги покренува сите други знаци

Како и во љубовта, така и во пријателствата, припадничките на овој знак се како поплави – во еден момент носат возбудувања и хаос, а во следниот сосема се смируваат и не можат да се пронајдат. Пријателствата со овие жени, често се интензивни, и тогаш кога не траат долго, но тие секогаш имаат и пријатели за цел живот. Сакаат да имаат широк круг на пријателства, затоа што често ги менува интересите, па не можат сите лесно да го следат нејзиното темпо. Таа ги привлекува луѓето во својот круг поради опасноста и непредвидливоста кои одат заедно со неа. Но, нејзините пријатели некогаш тешко ја разбираат нејзината истакната независност, а многу често знае да предизвика и љубомора кај некои од нив. Кога излегува и оди на забави, таа нема потреба од големо друштво, туку доволни ѝ се две до три блиски личности кои размислуваат слично како и таа. Кога сте излезени со жена Овен, знајте дека ќе си поминете лудо и незаборавно.

(2) Жената од овој хороскопски знак ги покренува сите други знаци

Нејзиниот фокусиран поглед полн со искри, нескротливата коса, високото, забележливо чело и малку агресивниот став, се физичките одлики по кои ќе ја препознаете жената Овен. Главен дел од телото на жените – предводнички на Зодијакот, е главата. Таа најчесто има издолжен облик и е прилично широка во делот на очите, додека кај брадата е потесна. Нејзин заштитен знак се и истакнатите и густи веѓи. Вратот ѝ е издолжен, а рамената цврсти и широки. Очите на жените Овен се најчесто кафени или сиви, а кожата има нежна текстура.

Таа обожува да привлекува внимание, а како да го стори тоа, ако не со огнено црвена, заштитната боја на Овенот. Црвената ја рефлектира чистата, сирова енергија и живоста на духот којшто го поседува Овенот. Жените родени во овој знак сакаат облека „со став“, како светкави и сјајни тонови, а нејзин заштитен камен е дијамантот, кој е синоним за сила, невиност и чистота, кои се главните квалитети што се поврзуваат со Овенот. Многу им е важно да се во добра форма, поради што, жените родени во овој знак предадено вежбаат, а бидејќи најчесто се спортски типови, многу добро им стои и спортски стил на облекување. Сакаат едноставни фризури кои не одземаат многу време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар