Жена Скорпија: Фатална заводничка и лојална пријателка
Дали знаете кој е најсекси и најмистериозниот знак во Зодијакот? Не мора долго да размислувате, бидејќи очигледно е дека станува збор за Скорпијата. Таа е егзотична и неверојатно привлечна, длабока и немирна како морето. Неа ја краси неверојатна интуиција, па силно ја привлекуваат окултните или духовни искуства кои ѝ нудат некаков вид длабок увид. Таа е директна, брилијантна, бестрашна и тврдоглава, па токму затоа и ќе успее да ја надмине секоја препрека во нејзиниот живот. Погледнете зошто таа се издвојува од останатите хороскопски знаци…
Љубов и секс
Приказните за застрашувачко љубоморната природа на Скорпијата се само мит. Тие навистина можат да покажат силна љубомора како никој друг знак, но тоа е само затоа што и најбезопасниот флерт со друга личност го сметаат за неверство. Од партнерот го бараат она кое и самите му го даваат – целосна верност и лојалност. Тие за својот партнер се подготвени да направат сè, па затоа и ќе го бранат доколку некој говори нешто лошо за него.
На Скорпијата ѝ е потребен храбар партнер кој ќе може да ѝ се спротивстави, но и да ѝ овозможи на моменти таа да биде машкото во врската. Во креветот се вистински Амазонки – имаат високо либидо, силна страст и сакаат да овозможуваат, но и да добиваат сензуални задоволства. Често за свои партнери ги одбираат Овните или Девиците, но најдобро се согласуваат со Биковите.
Пријателство
Жената Скорпија може да биде најдобар пријател на светот или најлош непријател. Лојалноста им е една од најважните нешта во животот, а предавството никогаш не го забораваат. Ако ѝ докажете дека сте ѝ благодарни пријатели, таа засекогаш ќе остане покрај вас. Таа исто така ги чува сите видови тајни, исто како да заштитува мало богатство.
Пријателствата ги одбира внимателно бидејќи според неа не секој е квалификуван да биде нејзин пријател. Страста управува со нивниот живот, па затоа можат подеднакво силно и да љубат и мразат, но многу ретко ги покажуваат своите чувства. Никогаш нема да заборават доколку некој не бил добар со нив и без сомнение со тек на време ќе му/ѝ се одмаздат.
Изглед и стил
Првото нешто што ќе го забележите кај Скорпијата е нејзиниот интензивен, скоро рендгенски поглед. Неа ја краси фатална убавина, а кога ќе влезе во просторија сите очи се насочени кон неа. Најчесто имаат темна коса, сензуални усни и заводлив глас. Тие се мускулести, цврсти и издржливи. Имаат остар израз на лицето.
Скорпиите ги следат најновите трендови, но не се робови на модата. Тие се познати како трендсетерки, па ако одлучат да носат розово, сите околу нив ќе го направат истото. Скорпијата е елегантна и заводлива, знае што ѝ стои добро, а што не и не се плаши да носи облека која ќе ги истакне нејзините физички атрибути. Особено многу обожава долна облека, што совршено одговара со нејзината природна склоност да проникне длабоко под површината. Најсекси се чувствува во свилена и сензуална долна облека со црна или темно црвена боја.