Заводничка астрологија: Кои 4 хороскопски знаци се кралици на флертот?
Откријте кои четири хороскопски знаци се најголеми заводнички помеѓу дамите.
Лав
Жената родена во знакот на лав е вистинска лавица. Ќе ви зборува со најголема самодоверба и ќе ве плени со својот неодолив шарм и прекрасна насмевка. Додека таа ве освојува вас, во просторијата ќе има и други мажи кои би посакале да бидат на вашето место и да уживаат во нејзиното суптилно заведување. Лавовите познаваат многу луѓе и излегувањето со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Од нив ќе добиете кралски третман додека таа ги покажува своите дамски манири. Тие не сакаат да губат и штом тргнат во заведување на оној кој го посакуваат, само победата е опција за нив. Затоа уживаа во секој чекор на заведувањето, а кога ќе го освојат пленот ја покажуваат својата страсна страна во креветот.
Скорпија
Сите мажи забележуваат кога скорпијата влегува во просторијата. Таа може да освои и со својот помалку безобразен поглед уште пред да тргне во поход. За тоа не ѝ треба многу време да го освои мажот кој го посакува. Одлично се служат со невербалната комуникација и со суптилните потези кои мажите ги оставаат без здив. Тоа го прават толку прикриено, што додека мажите мислат дека ја импресионираат неа, не сфаќаат дека таа полека но сигурно продира до нивното срце користејќи ја својата суптилност. Додека да сфатите дека таа решила да ве освојува, вие ќе бидете оној кој ќе копнее да ја освои неа. Кога тоа ќе се случи ќе можете да уживате во долго водење љубов со неа, пробувајќи работи на кои можеби не сте помислиле претходно.
Близнаци
Нивниот скромен и пријателски пристап ги доближува до мажите и често пати им завршува работа при заведувањето. Духовити се и шармантни. Многу се забавни и лесно е со нив да поминете многу часови во разговор по кој ќе бидете заведени пред да се свестите за тоа. Нивната голема харизма секогаш привлекува мажи околу овие девојки, а нивната позитивност и друштвеност ги задржува крај себе. Со нив никогаш не е непријатно или здодевно.
Рак
Ракот има карактер со кој ги привлекува оние кои бараат разбирање од својата партнерка. Таа има големо срце. Кога сака да освои некој маж, таа уште во првите моменти ја покажува целата своја сочувствителност и му овозможува да се почувствува пожелно крај неа. Тој може да зборува за сите свои стравови, желби, успеси и падови со неа, а таа ќе слуша, ќе покажува разбирање и така ќе се смести во неговото срце. Ракот знае на ваков начин и добро пријателство да претвори во голема љубов. Мажите на кои таа им е најдобра пријателка не се свесни дека кога се дружат со неа всушност се дел од нејзиниот план за заведување. Кога ќе успее во тоа и ќе го однесе во својот кревет, таа му покажува сосема нова димензија на сексот и го комплетира своето освојување.