Заводлива и силна: Запознајте ја жената Бик!

Заводлива и силна: Запознајте ја жената Бик!

Решителна, упорна, доследна, реалистична, стабилна, бескомпромисна, сензуална, своеглава, издржлива, толерантна, тврдоглава, одговорна, грижлива, способна, силна, заводлива, фокусирана – сето тоа ја опишува жената Бик.

Заводлива и силна: Запознајте ја жената Бик!

Нејзината најголема сила лежи во двата победнички квалитети што ги поседува – чувствителноста и трпеливоста. Има благ карактер, но тоа не значи дека може да се манипулира со неа – има силни мислења за многу работи што тешко се менуваат и ако некој се обиде да ги „тестира“ нејзините граници, ќе го разбуди нејзиниот огнен темперамент.

Сепак, жената Бик избегнува да го покажува својот темперамент затоа што во животот се стреми кон рамнотежа и сигурност. Таа ја сака природата и најмногу од сè сака да живее во удобно и шарено опкружување.

Не е авантуристка и не сака да ризикува, па затоа не знае најдобро да се справи со ненадејните промени. Подобро функционира при рутина и едноличност, поради што речиси никогаш не ги предизвикува промените сама, туку тие ѝ се случуваат поради некои надворешни фактори. Сепак, какви искуства и да има во животот, таа брзо учи од нив и тешко дека ќе ја повтори истата грешка двапати.

Секс и врски

Жената Бик е еден од најлојалните и најпосветени хороскопски знаци. Никогаш не брза во врската, многу ѝ е важно целосно да го запознае партнерот и да биде сигурна дека го избрала вистинскиот пред да започне сериозна врска. Штом еднаш ќе се посветли, тоа е веројатно засекогаш.

Мажот кој сака да ја освои мора да биде подготвен за многу додворување и заведување затоа што тоа е патот до срцето на оваа жена. Оној што ќе победи ќе добие многу, бидејќи на жената родена во овој хороскопски знак во природата ѝ е да се грижи за другите, поради што таа ќе се стреми во врската да даде колку што е можно повеќе сè додека нејзиниот партнер ѝ е лојален и верен и ѝ дава чувство на сигурност и заштита. Многумина што го доживеале тоа искуство, ја опишуваат жената Бик како шармантна љубовница.

Љубовните партнери честопати ги изненадува со својата виртуозност во кревет. Таа го доживува сексот како земја на фантазијата во која ги избегнува земните аспекти на животот. Страсна и нежна, таа ќе го разгали својот партнер во и надвор од спалната соба.

Таа сака да ги зачини љубовните односи со секси разговори и лукаво заведување. Сепак, многу малку ѝ е важно тоа што го кажува партнерот, туку поважни ѝ се неговите дела. Во љубовта, таа најдобро се согласува со Ракот, Девицата, Јарецот и Рибите.

Пријателство

Дали имате пријателка која напишала „најдобри пријателки засекогаш“ во вашиот споменар од основно училиште? Ако после тоа сè уште сте најдобри пријателки, многу е веројатно дека таа пријателка е родена во хороскопскиот знак Бик. Таа сериозно ги сфаќа своите пријателства, ги негува, им се посветува на своите пријатели и им останува лојална.

За возврат, од пријателите очекува еднаква лојалност и ако е така, пријателството ќе трае засекогаш. Не ѝ требаат многу пријатели за среќа, нејзиното мото е квалитет пред квантитет и ова важи за повеќето области од нејзиниот живот, не само за пријателствата. Најчесто ги игнорира луѓето што не ѝ се допаѓаат отколку да започне да се расправа со нив.

Изглед

Големи, експресивни очи со спуштени очни капаци, полнети сензуални усни, тенок, елегантен врат, пошироки гради и покрупна градба се некои од физичките одлики на типичната жена Бик. Вратот е дел од телото со кој управува овој знак, па затоа е многу често изразен и припадничките на овој хороскопски знак сакаат да го истакнат со ѓердани, ланци, марами, шалови.

Градбата на телото обично им е робусна, со средна висина или малку под просекот. Лицето им е обично квадратно со рамни црти, додека главата е прилично тркалезна. Имаат помали складни уши и тркалезна, понекогаш поширока брада со шармантно дупче во средината. Носот обично е пократок со подигнат врв и проширени ноздри. Имаат благи и нежни очи и поглед како кај кученцата, па припадниците на посилниот пол тешко можат да му одолеат на заводливиот шарм што зрачи од тие очи.

Повеќето жени Бик можат да се пофалат со одличната фигура и во староста изгледаат младолико, свежо и силно.

Стил

Животното мото ѝ е квалитет пред квантитет, што силно се рефлектира и во нејзиниот стил на облекување. Таа купува само квалитетна гардероба направена од најдобрите материјали, а позната е по својата склоност кон брендирана облека.

Во плакарот на жената Бик секогаш ќе најдете костум или одело шиено по мера бидејќи оваа жена знае дека облеката што одговара совршено никогаш нема да излезе од мода. Практични, софистицирани и со многу вкус, жените Бикови повеќе би избрале чевли со рамна пета и со дискретни детали на нив отколку потпетици и беспрекорно шиени панталони отколку мини здолниште.

Нивната суптилност е јасна и во изборот на бои што тие ги претпочитаат, неутрални и пастелни како беж, слонова коска и каки со кафеави или златни акценти. Сепак, одлично ѝ стојат и розовата и зелената боја.

Што се однесува до нејзината фризура и шминка, нејзиниот заштитен знак се зачадените очи и долгата, прекрасна коса. Никогаш не жали што дава повеќе пари за да ја направи косата колку што е можно поубава, а нејзините омилени производи се оние што даваат волумен и мирисаат убаво.

Стил на купување

Жената Бик секогаш оди на шопинг според планираното и не шета изгубено по продавниците, туку оди во брендираните продавници во кои веќе знае дека ќе најде облека по свој вкус. Притоа, добро проучува од каков материјал се направени производите затоа што евтината синтетика не доаѓа предвид. Имаат и една симпатична навика – ги мириса материјалите за да биде сигурна дека се природни и со висок квалитет.

Можеби сакате да ги прочитате и 10-те причини зошто жената Бик е еден од најдобрите партнери во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар