Засекогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци

Засекогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци

Сите луѓе се справуваат со скршено срце на различен начин. Некои ги кријат вистинските емоции од партнерот и ги искажуваат насамо, други, пак, воопшто не се воздржуваат да пуштат по некоја солза (или две). Доколку верувате во хороскоп, тогаш сигурно знаете дека ѕвездите имаат големо влијание на вашата реакција на раскинувањата. Постојат неколку хороскопски знаци кои многу емотивно го доживуваат секое раскинување, а тие чувства ги пренесуваат и на партнерите, поради што тие никогаш нема да можат да заборават што сториле и колку ги повредиле.

Засекогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци

Кога еднаш ќе раскинете со некој од овие хороскопски знаци, нема враќање назад, бидејќи тие едноставно не можат да преминат преку тоа што сте им го скршиле срцето кое толку несебично ви го подариле. Ќе се чувствувате лошо поради начинот на кој сте се однесувале и ќе сакате да ги повлечете сите зборови што сте ги кажале, а не сте ги мислеле. Ова се 5-те хороскопски знаци кои ќе ве натераат да зажалите поради тоа што сте им раскинале…

1. Рак

Раковите се многу чувствителни луѓе, особено кога станува збор за љубовта. Ако нештата помеѓу нив и саканите тргнат наопаку, тие ќе сторат сѐ за да ја одржат врската во живот. Доколку решите да го скршите срцето на Ракот, подобро е да имате вистинска причина за тоа. Тие ќе можат да ве разберат доколку сте престанале да ги љубите, но никогаш нема да ви простат неверство. Ако им го скршите срцето, Раковите ќе ве сметаат за странци и нема да ве удостојат ниту со едно „здраво“ кога ќе се сретнете на улица.

Засекогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци

2. Вага

Вагите се многу нежни и грижливи во љубовните врски, но ако им го скршите срцето, ќе запознаете една сосема друга личност. Тие се водат според мотото „Сѐ е дозволено во љубовта и војната“. Тие можеби одбегнуваат конфликти, но ќе дадат сѐ од себе за да ви покажат колку многу сте ги повредиле. Можеби дури и ќе се обидат да го скршат и вашето срце. Постојат дипломатски начини на кои можете да раскинете со Вага, но лесно можете да погрешите и да завршите како тотални странци кои никогаш повеќе нема да се погледнат.

3. Скорпија

Скорпиите се многу страсни во секоја животна област. Тие или целосно се внесуваат во она што го прават или воопшто не го ни започнуваат, а тоа се однесува и на љубовта. Тие се вљубуваат многу брзо и длабоко, но исто толку брзо можат и да се одљубат. Ако раскинете со Скорпија, таа ќе ја дознае вистинската причина за вашата одлука, така што најдобро е да бидете целосно искрени уште од самиот почеток. Ако мислите дека ќе можете да скриете нешто, се лажете. Скорпиите ќе се обидат да ве провоцираат со нивните навреди и обвинувања и можеби ќе ја извлечат вашата агресивна страна, но тоа го прават само за да ви покажат точно како се чувствуваат во моментот.

Засекогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци

4. Стрелец

На прв поглед, Стрелците воопшто не делуваат како емотивни луѓе, но ако навистина се вљубат во некого, нивните чувства излегуваат на површина. Слободата им е сѐ уште најважна и ако нивниот партнер може да го разбере тоа, врската ќе цути. Но, доколку им го скршите срцето, тие ќе се претворат во сосема поинаква личност. Иако тие мразат опсесивни луѓе, ќе сотрат сѐ за да ве задржат и на тој начин самите ќе станат опсесивни. На Стрелците воопшто не им се допаѓа личноста во која се претвораат по скршеното срце, но тешко им е да се однесуваат поинаку после сето време и љубов што ги вложиле во врската.

5. Риби

Рибите се како во сон кога се вљубени. Многу тешко им паѓа кога врската станува напорна и тешка. Тие секогаш се обвинуваат себеси ако нештата тргнале наопаку, дури и да не е нивна вина. Рибите не се лутат кога срцето им е скршено, туку стануваат неутешно тажни. Со оглед на тоа што се многу емотивни и интуитивни, тие можат да го почувствуваат крајот уште пред да бидете свесни за тоа. Ако им го скршите срцето, тие ќе ве гледаат како странци. По раскинувањето Рибите ќе се погрижат за две работи: Засекогаш да ве избришат од животот и никогаш да не дозволат некому да им го скрши срцето.

Во продолжение прочитајте ги и причините поради кои раскинуваат хороскопските знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар