Запознајте го овенот однадвор и однатре
Овните во младоста
Повеќето овни кога се деца, се многу директни за она што им се допаѓа и она што не им се допаѓа. Тие се невообичаено многу решителни деца, кои секогаш настојуваат да си ги тераат работите по нивно. Нив едноставно не можете да им кажете „не“, или да се обидете да ги наговорите на нешто и да ги придобиете да размислуваат како вас. Исто така, погрешен чекор на родителите на овенот, би бил да го споредуваат со други послушни и примерни деца.
Овните додека се деца, најдобро реагираат кога имаат некаков предизвик пред себе. Кажете им дека многу се бавни во средувањето на нивните играчки или дека не е нивна вина што не можат да постигнат доволно добар резултат во нешто и младите овни веднаш ќе тргнат во акција, да докажат дека се многу подобари отколку што сите други мислат, па дури и по цена да прават работи кои не ги сакаат.
Како млади, овните се големи авантуристи, љубопитни да искусат многу нешта, да прифатат предизвици, да решаваат проблеми и да бидат победници во секоја ситуација. Пред сè, овните сакаат да знаат дека некој ги сака и ја вреднува нивната личност. Искрени прегратки и успокојувачки зборови, му се добредојдени на овенот, особено после некоја емоционална бура, без разлика што нивниот лик и понатаму однадвор делува самоуверено и храбро.
Надворешен и внатрешен изглед на овните
Овните, обично се многу свесни за нивниот физички изглед. Тие најчесто имаат витка става и убаво атлетско тело. Бојата на нивните очи е најчесто маслинеста, зелена или кафена, а погледот им е јасен, сигурен, продорен и остар. Според астрологијата, луѓето со хороскопски знак овен се самоуверени, страсни и силни борци. Нивниот физички изглед асоцира на еден цврст победнички карактер. Повеќето овни се атрактивни луѓе, особено во лицето, кое е најубав дел од нивното тело. Нивната коса е најчесто здрава, цврста, сјајна и благо накадрена.
Физичкиот изглед на машките овни
Машките претставници на овој хороскопски знак се или ниски или високи. Повеќето овни имаат снажно тело, широки рамена и добри пропорции. Бојата на нивната коса обично варира од песочна кон нијанси на кафена, имаат убав тен, а на нивното лице се истакнуваат широки пори. Формата на главата им е најчесто долгнавеста, а челото им е испакнато. Многу е вообичаено да видите лузна на лицето на некој овен. Машките овни се одлични за водење бизнис и можат да бидат успешни во сите стопански дејности.
Типичниот маж со хороскопски знак овен има силно тело, поседува огромна енергија во себе, е исклучително сексуално привлечен, се движи аристократски, а се облекува во согласност со моменталниот предизвик.
Карактерни особини на машките овни
- Тој поседува жесток компетитивен дух.
- Искрен е.
- Изгледа многу самоуверено.
- Презема иницијативи, кои очекува другите луѓе да ги следат.
- Има многу јасни зацртани цели.
- Го качува неговиот љубовен партнер на пиедестал.
- Мора да победи
- Го користи својот мозок, досетливост и остроумност за да го добие она што го сака.
Физички изглед на женските овни
Женските овни најчесто имаат средна висина и мускулесто тело. Тие, исто како и машките претставници на овој знак, имаат широки рамена. Права реткост е женско со хороскопски знак овен да биде ниско и полничко во конструкција. Имаат убава линија на лицето околу вилицата и истакнати јаболчници (класични линии на лице кои ги поседуваат моделите). Женските овни се најчесто привлечни знаци, имаат убава кожа и тен, блескава и здрава коса, страстен поглед и истакнати дебели веѓи.
Овие жени се многу активни и зрачат со енергија. Тие имаат тенденција секогаш да носат софистицирани бои на себе и скап парфем. Се облекуваат во облека која е најсоодветна на моменталната пригода.
Карактерни особини на женските овни
- Таа секогаш го гледа соговорникот право во очи и цврсто се ракува.
- Таа е оптимистична и ентузијастична по природа.
- Има тенденција да му одвраќа на соговорникот, поради што најчесто завршува емотивно повредена.
- Од луѓето очекува лојалност.
- Бестрашна е.
- Директна, отворена и искрена особа.
- Способна е да направи чуда.
- Очекува да победи во секоја ситуација.
- Ја интересира надворешниот свет или има добра кариера.
- Умее да ги надмине тешкотиите од детството многу брзо и лесно.
Што сакаат овните?
- Да бидат сакани.
- Да победи најдобриот.
- Да имаат уникатни регистарски таблички на автомобилот.
- Да имаат доволно пари за трошење.
- Сакаат персонализирани подароци, завиткани во интригантна украсна хартија.
- Црвени рози, нова облека, книги, бисери и скапоцени камења.
Што мразат овните?
- Да не бидат на прво место во некоја ситуација.
- Да чувствуваат глад.
- Стари работи купени од „second hand“.
- Да треба да чекаат за нешто да се случи.
- Да се влечкаат после јадење оброк.
- Не го сакаат секој оној кој е подобар од нив.
- Да бидат игнорирани.
Овните во љубовта…
- Се многу романтични и веруваат во жестока и страсна љубов.
- Инсистираат да го „бркаат“ оној кој им се допаѓа и нема да дозволат вие да ги освојувате нив.
- Знаат да бидат екстремно посесивни кон нивниот партнер, но не би можеле да го разберат доколку и тој е посесивен.
- Љубоморни се на секое внимание кое нивниот љубовен партнер го посветува на другите луѓе.
- Ќе го бранат и заштитуваат нивниот партнер до смрт.
- Очекуваат 100% верност од нивниот партнер.
- Нивниот љубовен партнер мора да одговори на прашањето дали нивната љубов ја смета за најдобра на светот.
- Не сакаат да бидат критикувани од страна на нивниот партнер.
- Сакаат да бидат исклучително љубени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
We are simply the best! 😀 (skromno kazano :D)
simply * 😀
ARIES THE BEST!!!!!! 😀
И јас сум овен 😀 .. не ми се верува колку се сте погодиле.. како мене да сте ме опишале..хаха браво 🙂 🙂
zosto nema oven i lav kako par ?
ARIES ARE THE BEST 😀 😀 😀 (skromnosta ni e pojakata strana ) hahahhaa vo sekoj slucaj se e pogodeno ……od ostanatite horoskopski znaci ni nema raven definitivno..:)))))
NAVISTINA SEKOJA KARAKTERISTIKA E POGODENA…BRAVOOOOOOO
lele ne mi se veruva kako e se tocnooo, samo visinata e izgleda nasledna poso jas sum prilicno visoka 😀 znaci sve e dr. pogodeno, i nema sto naj dobar horoskopski znak sme si 😀 a inace “vesna” imas i za oven i lav, pobaraj 😀 pak ke recam, ne mi se veruva, se e tocno, bravo! ARIES THE BEST
Mоже ли вакво слично за рак ? 🙂
И за јарец ако може?
ednostavno toa e toa….najbolji znak sme be ljugje a i u se sme the best i normalno PRVI!!!
se e to4no!
super!!!!!!!! so da kazam drugo
se e super samo jas ne se pronaogam vo toa deka mrazime raboti od second hand jas barem koga stanuva zbor za furniture obozavam ako e dobro da go kupam svakavi cast inace do detale se taka
Aj ako moze edno vakvo za vodolija, i za jarec :))) fala od napred 🙂
Se e tochno osven deka ovnite imaat zeleni ili maslinesti ochi, i za bojata na kosata…hehe ja imam plavi oci i plava kosa… :))))
Јас имам зелено-кафеави очи со маслинеста боја на крајот од очите 🙂
poveke od 80 % me opisaa, oobeno proporciite za glavata i zelbata za uspeh…:)
100% opisana vo terkstov…:)
WoW site proporci gi imame sto bi trebalo da gi ima sekoj normalen moderen covek 🙂
Bravo za napisanoto se e tocno od zbor do zbor jas sum oven i mojata kerka e oven prosto neverovatno tocno napisano …pozdrav do site ovnovi nie sme” the best “
овните сакаат да имат уникатни регистарски таблички на автомобилот! проверено…
gord sum sto sum oven 🙂
Se e tocno i navistina sum gorda sto sum oven:):)
Truee :))))))
Значии се е точно до збор..не ми се верува 😀
90% se e tocnooo.naj dobar znak naj normalen iskren ..pozz do site ovnovi
Se e odlicno kazano,no samo ona za visinata ne e bas pogodeno no sepak ……..90% e tocno