Започнува сезоната на Стрелците: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врска

Започнува сезоната на Стрелците: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врска

Дали вашите хороскопски знаци се компатибилни? Како да направите да функционира љубовната врска? Вашиот љубовен хороскоп ви помага да ја разберете романтиката низ објективот на астрологијата. Луѓето кои се родени помеѓу 22 ноември и 21 декември припаѓаат на знакот Стрелец. Во љубовта, Стрелецот е полн со противречности. Симболизирани од кентаур, митско суштество кое е половина коњ, половина човек, овие личности се управувани и од животинските инстинкти и од размислувањето. Стрелците претпочитаат морал, мудрост и високо образование. Иако секогаш се залагаат за божествена инспирација, тие имаат сериозна страст за „земните задоволства“. Затоа, не е ни чудо што честопати се поделуваат на две насоки!

Сезона е на Стрелци: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врска

Тие имаат слободен дух и се вистински патници кои се чувствуваат удобно на нивниот пат. Иако не сакаат да се приврзуваат, тие имаат потреба од сродна душа со која ќе го истражуваат светот. Имаат голема желба за живот и нивните партнери мора да ја делат истата особина. Наоѓањето некој кој може да чекори исто со нив кон нови авантури и истражувања, не е лесна задача. Поради оваа причина, многу Стрелци може да бидат сингл подолг период од животот.

Како страстен огнен знак, тие се впуштаат во сѐ со сета нивна сила. Одржувањето на тоа темпо е речиси невозможно. Стрелците честопати сонуваат и секогаш создаваат големи проекти. Тие се управувани од Јупитер (најголемата планета во соларниот систем) и многу размислуваат за сѐ. Потребен им е партнер со доволно визија за да ги охрабри, но сепак некој кој чекори по земјата и е доволно паметен за да сфати кога работите стануваат потешки. Стрелецот е знак на ловец и овие личности ги возбудува потерата. Не се плашат да се фалат за нивните достигнувања, а со нивната искреност и добра смисла за хумор, ретко имаат непријатели. Напротив, може да имаат многу бивши кои ги претвориле во блиски пријатели.

Сезона е на Стрелци: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врска

Како оптимистички знак во зодијакот, Стрелците секогаш го гледаат потенцијалот во својот брачен другар. Тие се познати како многу дарежливи и со задоволство ќе ги споделат своите финансии за да им помогнат на своите партнери да напредуваат. Доколку не се внимателни, розовиот поглед кон светот може да им предизвика непријатни емоции. За Стрелците љубовта е слепа, но страста е повеќе.

Тие не треба да дозволат физичката привлечност да ја засени нивната потреба од поддршка. Споделувањето на мудроста е една работа, но улогата на животен тренер може да ја исцрпи нивната енергија. Надежта е нивна зависност и тоа не е здраво. Стрелците сакаат да читаат добра книга за самопомош и некои креативни замисли може да им помогнат да излезат од непријатната ситуација. Стрелецот е најсреќен знак во зодијакот. И покрај тоа што си игра со оган, секогаш постапува мудро. Животот секогаш им нуди нови можности и доколку со тие не пристигне нивниот партнер, тогаш тие продолжуваат напред, кон нови авантури.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар