Заборавете на изненадувањата: Овие 5 хороскопски знаци не знаат за романтика!

Заборавете на изненадувањата: Овие 5 хороскопски знаци не знаат за романтика!

Гледајќи бројни романтични комедии најверојатно очекувавте слично сценарио и во вашиот љубовен живот. Но, немојте да бидете изненадени ако „заглавите“ со партнер на кој вечерите со свеќа и сличните малечки и слатки изненадувања му се целосно непознати и потполна мистерија. Вашиот партнер не е воопшто романтичен? Сигурно е роден во еден од овие 5 хороскопски знаци.

1. Водолија

Интелигентни се и креативни, но не се премногу емотивни па својата креативност не ја користат за да подготват романтични изненадувања. Дури и ако вашиот партнер одлучи да ве запроси, а е со знак Водолија, голема е веројатноста дека нема да клекне ниту да ви приреди филмска сцена за паметење. Би можел да го заборави и Денот на вљубените.

2. Близнаци

Луѓето родени во овој хороскопски знак немаат доволно концентрација, ниту волја и време за романтични потфати. Освен тоа, често се под стрес кога сакаат да ја докажат нивната љубов, па во паника го прават тоа на најмалку романтичен начин што можете да си го замислите.

3. Овен

Тие сакаат страст, но нежноста и романтиката не им се силни страни. Не сакаат романтика бидејќи за нив тоа е исфорсиран и веќе виден начин на докажување љубов.

4. Девица

Девиците всушност се романтични, но на еден само за нив разбирлив начин. Наместо да ве опсипуваат со цвеќиња или да организираат излети, припадниците на овој знак секогаш ќе се грижат за вас и ќе ви помагаат кога тоа е можно.

5. Јарец

По природа се грижливи, но купувањето свеќи, мечиња, цвеќиња или слични работи за нив е фрлање на пари. Освен тоа, не сакаат стрес и чувство на притисок кои често се обележје на организирањето романтични изненадувања.

Дознајте и кои 6 хороскопски знаци се родени за постојано да се грижат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар