За да љубите Вага, треба да го љубите секој дел од неа
Ако имате Вага во својот живот, треба да го разберете и да го љубите секој дел од неа.
Да љубите Вага е да љубите колку таа ја цени уметноста. Таа често се губи во страсни проекти. Таа ги цени принципите на уметноста – балансот и хармонијата, најчесто. Затоа и најчесто не е премногу критична кон другите.
Да љубите Вага е да знаете дека таа има потреба од баланс. Сигурно веќе сте забележале дека Вагата сака да ги задоволи сите луѓе во својот живот. Затоа и тие се привлечени од неа – таа сака сите да бидат среќни, бидејќи обожава луѓе. Но истовремено, таа има потреба и од време за себе. Со цел да расте и да се развива, таа мора да добие простор и време да ги открива новите елови од себе, што само таа може да ги покаже.
Да љубите Вага е и да знаете дека таа има потреба да љуби. Кога станува збор за љубовта, таа навистина го цени партнерството. Нејзината единствена желба е да биде во врска со некого. Така ќе го добива потребното внимание што толку многу го сака. Таа сака да биде забележана и ценета.
Да љубите Вага е да ја љубите и самата љубов. Со Вагите владее Венера, планетата на љубовта. Тие најдобро се чувствуваат во атмосфера каде што љубовта ја има централната позиција. На тоа магично, нежно, безбедно место.
Прочитајте ги и 20-те животни принципи според кои се води секоја Вага.