Вратете си ја мотивацијата со помош на инспиративниот цитат што му одговара на вашиот хороскопски знак

Вратете си ја мотивацијата со помош на инспиративниот цитат што му одговара на вашиот хороскопски знак

Сите понекогаш имаме лоши денови кога се чувствуваме како бродовите да ни потонале. Во таквите периоди многу лесно можеме да изгубиме мотивација и да се почувствуваме безвредно. Но, вистината е дека мотивацијата е насекаде околу нас, само треба да ја најдеме. Понекогаш во тоа навистина можат да ни помогнат инспиративните цитати, колку и да звучи клише. Сепак, не секој цитат му одговара секому, така што сѐ што треба да направите е да го пронајдете вистинскиот за вас. Тука многу можат да ви помогнат ѕвездите, поточно вашиот хороскопски знак. Во продолжение дознајте повеќе за хороскопските знаци и инспиративните цитати кои би можеле да им послужат како вистинска мотивација…

Вратете си ја мотивацијата со помош на инспиративниот цитат што му одговара на вашиот хороскопски знак

Овен

Овните се храбри, енергични, самоуверени и големи авантуристи. Им се допаѓаат луѓето кои можат да го следат нивното темпо и кои можат да се прилагодат на нивната неуморна енергија.

„Сѐ е возможно ако имате доволно трпение.“ – Џ. К. Роулинг

Бик

Биковите се добродушни, романтични, грижливи и постојани. Припадниците на овој знак се одликуваат со неверојатна психичка сила.

„Она што нема да ве убие, ќе ве направи посилни.“ – Фридрих Ниче

Близнаци

Близнаците се забавни и обожаваат да се дружат и комуницираат со луѓето. Тешко е да се погодат нивните години бидејќи се многу младолики и полни со живот. Отворени се кон нови искуства и сакаат да учат.

„Развојот на сопствената личност е повеќе должност отколку пожртвуваност.“ – Елизабет Кејди Стентон

Рак

Раковите се сочувствителни, емоционални и поседуваат силна интуиција и бујна имагинација. Тие се мудри и можат да простат речиси сѐ, освен ако им го скршите срцето. Раковите имаат чести промени на расположението и знаат да бидат по малку опсесивни.

„Треба да го промениме начинот на кој се доживуваме себеси. Треба да заземеме став и да станеме лидери.“ – Бијонсе

Вратете си ја мотивацијата со помош на инспиративниот цитат што му одговара на вашиот хороскопски знак

Лав

Можете да се обидете да го поразите Лавот, но никогаш нема да успеете. Лавовите знаат дека владеат со светот. Тие се самоуверени, храбри, харизматични и обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Луѓето сакаат да се во нивно друштво, бидејќи припадниците на овој знак се многу креативни, немаат предрасуди и се големи ентузијасти.

„Бидете свои, сите други веќе се зафатени.“ – Оскар Вајлд

Девица

Девиците обрнуваат големо внимание на деталите. Тие обожаваат да решаваат проблеми, особено ако се работи за проблемите на нивните најблиски. Секогаш можете да сметате на нив, иако понекогаш делуваат далечни и резервирани.

„Верувам дека секој од нас има сопствена цел која е уникатна како отпечаток од прст и дека најдобриот начин да успеете е да откриете што е она што го сакате и да најдете начин да им го понудите истото и на останатите во вид на услуга и напорна работа. И секогаш дозволувајте ѝ на енергијата на универзумот да ве води.“ – Опра Винфри

Вага

Повеќето луѓе ги обожаваат Вагите затоа што се многу опуштени и шармантни. Но, Вагите знаат да бидат неодлучни и да одбегнуваат конфликти. Сепак, ако некаде забележат неправда, ќе направат сѐ што можат за да ја спречат.

„Гледате некои работи и си велите ’Зошто?’. Но јас сонувам работи што никогаш не се случиле и си велам ’Зошто да не?’.“ – Џорџ Бернард Шо

Скорпија

Скорпиите се многу посветени и постојано гледаат да го направат она што го наумиле. Тие се многу привлечни, страсни и амбициозни.

„Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот, се оние кои успеваат во тоа.“ – Стив Џобс

Вратете си ја мотивацијата со помош на инспиративниот цитат што му одговара на вашиот хороскопски знак

Стрелец

Стрелците се позитивни, забавни, паметни и ја обожаваат нивната слобода. Постојано патуваат или планираат да отпатуваат. Сакаат да запознаваат нови места и луѓе. Тие несомнено го живеат животот со полни гради од секој можен аспект.

„Ќе научите многу за себеси ако отидете во насока на добрината, големината, простувањето и емоционалната храброст. Бидете поборник на љубовта.“ – Шерил Стрејд

Јарец

Јарците се посветени, трудољубиви и дисциплинирани. Понекогаш треба некој да ги потсети дека треба да се одморат, бидејќи ним најважно им е да ги завршат обврските како што треба. На прв поглед делуваат резервирани, но знаат да бидат многу забавни и сексапилни.

„Иднината им припаѓа на оние кои се подготвуваат за неа од денес.“ – Малколм Екс

Водолија

Водолиите се креативни, забавни и многу посебни. Тие се најголемите хуманисти во Зодијакот и секогаш се лојални, паметни и неконвенционални. Исто така се свои и ги поттикнуваат и останатите да бидат доследни на себеси.

„Годините ми го дадоа она што го барав целиот мој живот – се најдов себеси. Ми дадоа време, искуства, неуспеси и победи, пријатели кои ми помогнаа да ја заземам формата што ме чекала целиот мој живот. Не само што поголемиот дел од времето се согласувам со себеси, туку и сум целосно на моја страна.“ – Ен Ламот

Риби

Рибите се многу креативни, романтични и сочувствителни. Тие имаат многу длабоки чувства и секогаш се подготвени да помогнат. Знаат да бидат и премногу чувствителни, а кога ќе дојде до тоа бегаат од светот и се повлекуваат во нивната имагинација.

„Најважно од сѐ е да бидете херојот во вашиот живот, а не жртвата.“ – Нора Ефро


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар