Водолија и водолија – љубовна комбинација

Водолија и водолија – љубовна комбинација

Кога две водолии се во љубовна врска, тие се фокусираат на позитивните аспекти на човештвото. Овие партнери обожаваат да стекнуваат нови пријателства, да им помагаат на другите луѓе и да прават убави промени во општеството. Водолиите имаат тенденција да бидат активни и енергични луѓе, а најдобро функционираат кога се под притисок. Честопати се случува да почувствуваат мала љубомора во врска со сите пријатели на партнерот кои се од спротивниот пол.Водолија и водолија – љубовна комбинацијаВодолиите се согласуваат прилично добро, уживаат да дискутираат за современата уметност, да посетуваат разни настани и да смислуваат прогресивни идеи.

Поради независноста и „распространетоста“ на водолијата секаде онаму каде се крие нова возбуда и страст, партнерите во оваа љубовна врска може да почнат да се чувствуваат недоволно емоционално поврзани. Понекогаш може да се случи водолиите да имаат тешкотија да ги откријат чувствата на својот партнер и да му ги изразат своите на него и воопшто на целиот свет околу нив.

Тие имаат тенденција да го поминуваат поголемиот дел од времето надвор од дома, а на професионален план одлично се снаоѓаат кога се дел од поголема организација или бизнис.

Љубовните партнери со хороскопски знак водолија делат извесни идеи за тоа како според нив луѓето би требало да се однесуваат, кои се најчесто објективни и издржани. Тие имаат тенденција да се однесуваат „студено“ со оние луѓе кои сметаат дека се банални и здодевни.

Водолијата е управувана од планетите Сатурн и Уран. Влијанието на Уран врз водолијата ги става под контрола нејзините радикални и необични идеи. Секогаш препуштајќи се на нејзината идеалистичка визија и интелект, водолијата може да биде толку екстремна и радикална, поради што таа е често нарекувана „Ајнштајн во зодијакот“. Остатокот од светот водолијата ја доживува како премногу интензивна личност. Таа честопати е погрешно протолкувана. „Топката ја смирува“ Сатурн кој внесува чувство на работна етика, дисциплина и упорност и ја поттикнува водолијата напорно да работи за да ги надмине сите евентуални проблеми.

Благодарение на нивната трудољубивост и жилавост, паровите сочинети од партнери со хороскопски знак водолија се високо продуктивни и почитувани од околината. „Брејнстормингот“ и соочувањето со проблеми, во комбинација со нивните супериорни интелектуални способности, се природно создадени карактеристики на водолијата.

Истиот „рационален нагон“ кој ги прави овие љубовни партнери самоуверени и сигурни во себе, може истовремено да биде и причина за емоционална и физичка разединетост помеѓу нив. Водолиите се одличен тим и нивото на нивната комуникација е одлично, но создавањето интимност во нивната врска, може да преставува долг процес, во кој е потребно да се вложи многу труд од двете страни.

Водолијата е фиксен знак. Овој квалитет може да ги направи водолиите во љубовната врска многу продуктивни или застрашувачки тврдоглави. Безброј идеи „лебдат“ во креативниот ум на водолијата и двата партнери го почитуваат придонесот на својот љубен во целењето кон остварување заеднички идеали. Како и да е, понекогаш може да се случи нивните цврсти и непроменливи ставови да се „судрат“ и да предизвикаат конфликт. Заедничко за овие партнери е нивното непријателство кон луѓе кои не ја делат нивната страст за прогрес во животот.

Најдобриот аспект од љубовното партнерство водолија – водолија, е способноста на овие партнери за непрестајно создавање нови креативни идеи, кои му ги презентираат на светот. Како визионери и индивидуалисти, овие партнери се залагаат за културни реформи и интелигентни иновации. Сè додека двајцата партнери постојано се потсетуваат дека треба да го одржуваат и „зачинуваат“ нивниот романтичен живот, тие ќе можат со заеднички сили да го направат светот подобро место за живеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. tatjana nikolovska Reply

    nemammm komm sokiranaa summm

  2. snezana Reply

    hahaaa zacuduvacki kolku e tocno
    sekoja ces pozdrav od srce.

Остави коментар