Водолија и овен – пријателска комбинација

Водолија и овен – пријателска комбинација

Формирањето пријателство со импулсивниот овен, претставува едноставна задача за водолијата. Таа секогаш се воодушевува кога ќе се соочи со нешто ново во животот, а овенот зрачи со голема енергија која секогаш ќе внесува свежина во животот на водолијата. Двајцата се неограничено љубопитни луѓе, кои ќе уживаат во нивните заеднички авантури, особено во оние кои вклучуваат елемент на опасност, како парасејлинг, карате или банџи скокање. Стрелаштвото исто така може да биде нивна заедничка активност. Доколку се наклонети кон уметноста, овие пријатели можат да пронајдат задоволство во изработката на накит.Водолија и овен – пријателска комбинацијаНа моменти, водолијата може да се измори од однесувањето на овенот како светот да се врти само околу него, а тој може неа да ја обвини дека е преголем идеалист. Ако накратко се оддалечуваат еден од друг секогаш кога ќе се појави некаков проблем, ќе се врати нивната обострана почит и пред да забележат, тие веќе ќе го планираат нивниот следен излет.

Водолијата никогаш нема да го обесхрабрува овенот да прифати нови предизвици и да зачекори по нов, непознат терен. На сличен начин, овенот секогаш ќе ги поддржува лудите идеи и предлози на водолијата. На водолијата не ѝ пречи овенот да биде лидер во сѐ што прават заедно, а овенот ќе ја почитува готовноста на водолијата да учествува во сите хуманитарни акции.

Овенот може одвреме-навреме да ја обвинува водолијата дека не поминува доволно време со него, а таа пак може да го обвини дека е претерано себичен. За среќа, таквите проблеми овие пријатели инстантно ги забораваат кога ги прават нивните омилени заеднички активности како скијање, блогирање или цртање.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар