Викенд хороскоп: Време е за остварување на целите!
Во петок влегувате во тишина, па можете да медитирате или да се одморате покрај вода. Немојте да се фокусирате на тешка физичка активност, бидејќи најверојатно ќе ви преовладува поспаноста. Сепак, отворете го својот креативен канал и создајте магија!
Месечината ќе влезе во знакот Овен во сабота наутро, па енергијата ќе ви се подигне за време на викендот. Ќе имате многу сила и волја да ги завршите сите оние нешта што сте сакале и да започнете со нови проекти. Месечината во Овен е поволна за спортски активности, преземање иницијативи и носење јасни одлуки. Бидејќи Венера ќе направи опозиција со Уран во сабота, овој аспект ќе ви овозможи и можност да ги освестите своите лични потреби.
Уран нè потсетува колку е важна слободата на избор, додека Венера води сметка сè да биде удобно и со леснотија. Поставете си го прашањето колку сте искрени кон себе, бидејќи онолку колку што сте искрени кон себе сте и искрени кон другите во вашиот живот – а токму тоа е и предуслов за хармонија. Вниманието може да ви биде привлечено од сè што е необично и различно, па ќе посакате да промените нешто кај себе, особено во личниот изглед. Односите можат да ви бидат ставени на тест, па можете да доживеете некои ситуации како премногу стресни или пак, дека нештата се одвиваат со неверојатна брзина.
Од друга страна пак, Сонцето ќе направи секстил со Јупитер во недела. Овој аспект ни нуди одлични можности, како и причини да почувствуваме радост во сè што правиме, бидејќи сме во согласност со законите на природата. Вие ќе станете пооптимистични, посамосвесни и посигурни во сите проекти што сакате да ги реализирате. Овој ден можете да го искористите за активно започнување на она што го сметате за ваша цел и пат. Јупитер е визионер, додека Сонцето му ја дава потребната волја и сила. Бидејќи имаме цел, но и средства за да стигнеме до неа, сè што ни преостанува е да тргнеме во акција.
Следуваат големи промени за сите хороскопски знаци: Што носи полната месечина во Овен?