Викенд хороскоп: Ова е идеален период за патување и опуштање

Викенд хороскоп: Ова е идеален период за патување и опуштање

Денес ве очекува ден полн со динамичност и возбуда, бидејќи Венера е во конјункција со Уран. Овој аспект ќе ви овозможи многу можности да ги освестите своите лични потреби бидејќи претставува шанса за будење и ослободување од сите оние нешта што ве спречуваат слободно и искрено да љубите. Уран нè потсетува колку е важна слободата на изборот, додека Венера води сметка сè да биде удобно и лесно. Поставете си го прашањето колку сте искрени кон себе, бидејќи токму од тоа зависи постоењето на хармонија во вашиот живот.

Можеби ви привлекува внимание сè што е необично и различно, па ќе посакате некои промени и кај себе, што би требало да влијаат на вашиот изглед. Пробајте да откриете што е тоа што во вас ја буди вашата автентична природа, што ве покренува и ви прави да се чувствувате слободни. Излезете на некое посебно место и очекувајте големо изненадување. Оваа сабота е одлично време го истражувате тоа што го сакате, да се разберете себеси, како и своите потреби на подлабоко ниво и да ги ослободите потенцијалните стравови.

Бидејќи во недела, Месечината ќе влезе во знакот Стрелец, пред вас е забавен ден што би требало да го искористите за дружење, патување и други работи што ќе ве раздвижат. Уживајте во тоа што ви буди чувство на смисла, и не ја тргајте насмевката од лицето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар