Вешто го крие своето лице: Нема да ви се верува, но овој хороскопски знак има најнежно срце
Можеби Раковите се молчаливи и не дозволуваат никој да влезе во нивниот свет. Можеби Скорпиите се мистериозни, а Рибите емотивни, но сепак, ова е хороскопскиот знак кој има најнежно срце. Тој е организиран критичар и перфекционист. Погодувате за кого се работи? Станува збор за Девица! Без разлика дали Девицата во вашиот живот ви е пријател, партнер или член на семејството, ова се 10-те работи што треба да ги знаете за овој хороскопски знак…
1. Девиците се многу чувствителни. Бидете внимателни! Тие знаат дека се чувствителни, па затоа даваат сѐ од себе за да ги контролираат своите емоции. Тие потиснуваат многу работи во себе и ќе дознаете што им пречи други тогаш кога ќе „пукнат“. Многу е важно да им дадете сигурност на Девиците за да можат да разговараат за нивните чувства. Ним многу им е важно да ги сослушате. Меѓутоа, подгответе се за следната експлозија, бидејќи Девиците се експерти за криење емоции.
2. Кажувајте го тоа што го мислите, мислете го тоа што го кажувате. Девиците не поднесуваат психички игри и не сакаат претпоставки. Ако мораат да „пробиваат“ за да дознаат што мислите и чувствувате, не само што тоа ќе го сметаат за потполно губење време туку и ќе ве сметаат за незрели. Секогаш бидете искрени, но внимавајте како ќе ја кажете вистината.
3. Ред, работа и уште малку ред. На Девиците им се крева косата кога ќе го чујат изразот „креативен хаос“. Не мора да се обидувате да живеете според нивните стандарди, но барем покажете намера да ги доведете работите во ред.
4. Разгалете ги Девиците (бидејќи тие не го прават тоа за себе). Ретко кој знак им дава толку многу на другите, а се грижи толку малку за себе. Ако мислите дека таа вам ви наметнува невозможни стандарди, имајте на ум дека Девицата е илјада пати построга кон себе. Многу е важно да се обидете да ги разгалите припадниците на овој знак и да се однесувате добро со нив. Девиците никогаш нема да го злоупотребат тоа.
5. Не ја потценувајте нивната интуиција. Токму затоа, секогаш треба да ја зборувате вистината и да бидете искрени. Не само што Девиците веднаш ги препознаваат лажговците, туку и многу ја ценат искреноста. Интуитивната Девица сама ќе ја започне тешката тема ако мисли дека вам ви е незгодно. Но, нема да можете ништо да скриете од неа, дури и ако мислите дека го правите тоа за нејзино добро.
6. Не ги земајте здраво за готово. Нивната лојалност не познава граници. Тие остануваат покрај пријателите и партнерот без оглед на сѐ. Но, ако помислат дека врската е еднострана, тие ќе ја прекинат. Тогаш ќе биде предоцна, бидејќи пред да направи таков радикален потег, Девицата веќе ви дала не само втора шанса, туку пет!
7. Прифатете го тоа дека се работохоличари. Девиците се многу внимателни, без разлика дали станува збор за работа, врска или хоби. Тие се многу горди на својата прецизност и не ги поднесуваат луѓето кои лошо ја вршат својата работа. Вложувајте труд во врската, бидејќи Девицата ќе ви го возврати тоа дупло повеќе. Навикнете се на тоа дека кај Девиците на прво место е работата, а на второ забавата.
8. Дајте им простор. Девиците се многу дружељубиви и сакаат да бидат меѓу луѓе, но истовремено се и ужасно самостојни. Потребно е да пронајдете рамнотежа помеѓу времето кое го минувате заедно и времето што оставате да го поминат сами.
9. Бидете нивниот најголем обожавател. Ако мислите дека Девицата се однесува критички кон другите, не сакате ни да си замислите какви критериуми си поставува сама на себе. Токму затоа, на Девиците им треба поддршка и човек кој ќе им повторува дека мора да се фокусираат на нивните позитивни страни и успеси.
10. Нека не ве залажува името. Девиците се многу страсни! На почетокот можеби ќе бидат малку воздржани, но откако ќе се почувствуваат сигурни во вашата прегратка, ќе се изненадите од нивната страст.
Во продолжение, прочитајте ги 10-те знаци дека сте апсолутна Девица во хороскоп.